Париз 23.02-26.02.2024

декември 21, 2023

 

 

 

 

Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната… Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер… Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија… А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам… Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж…

 

1ден  23.02.2024 (петок)            СКОПЈЕ – ПАРИЗ – Лувр

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:40 часот. Полетување за Париз во 06:40 и пристигнување во Париз во 09:45 часот. Организиран трансфер и пешачки разглед на Париз. Сместување во хотел. Организирана посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите… Вечерта дружење во некој од преубавите кафулиња или ресторани близу хотелот. Ноќевање.

 

2ден  24.02.2024 (сабота)                 ПАРИЗ – Версај

Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило…. Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од последниот кај (искачување со лифт). Дружење во ноќните часови во околината околу хотелот. Ноќевање.

 

3ден  25.02.2024 (недела)                ПАРИЗ

Појадок. Посета на Катедралата Нотр Дам, во најстариот дел од Париз. Продолжуваме кон модерниот бизнис центар Дефанс, пршетка до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Ноќевање.

 

4ден  24април  26.02.2024 (понеделник)               ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 10:30,  пристигнување во 13:10 часот.

Цена за рана уплата до 29.12:  460 евра

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:         520 евра

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
  • Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во Хотел 3* IBIS LA DEFENSE во Париз на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • -Посета на Версај  (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот) 80 евра
  • -Организиран разглед на Париз 20 евра
  • -Влезница за Ајфелова Кула до најгорниот 3ти кат (искачување со лифт) – 38 евра
  • -Крстарење со брод по Сена 20 евра
  • -Посета на Лувр (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот) 60 евра
  • Пакет цена за уплата на сите факултативни екскурзии ( Версај, Лувр, Ајфелова кула, крстарење, разглед на Париз)   199 евра
  • -Карти за јавен превоз (метро)
  • -Голема кабинска торба (димензии 55х45х25см) / Чекиран багаж до 10 или 20кг – информации за цена 7 дена пред патување
  • -Туристичка такса 6 евра
  • -Патничко-здравствено осигурување
  • -Доплата за еднокреветна соба 130 евра
  • Дете до 11 години попуст од 120 евра 

 

Напомена:

– Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 62,00 денари. Калкулацијата е правена на минимум пријавени 20 патници.

– За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

– При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.

– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

– Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.