Кавала 08.03-10.03.2024

декември 15, 2023
  • Во Северна Грција каде Западот се среќава со Истокот, во домот на кралот на
    Македонија Филип Втори – таткото на Александар Велики, во „Синиот град“ или
    како што многумина го нарекуваат „Малиот Монте Карло“, во градот на
    фасцинантните убавини ќе отпатувате во друга, шармантна ера! Градот Кавала
    е еден од најубавите грчки градови. Ако го посетите еднаш, засекогаш ќе се
    заљубите во него!
    ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 евра
    РЕДОВНА ЦЕНА: 129 ЕВРА
    Програма
    Ден 1: 08.03.2024 (петок)
    Состанок на групата на Дрводекор во 04:30ч од Скопје и поаѓање во 05:00
    часот. Патување преку граничен премин Богородица преку Велес, Неготино и
    Гевгелија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување
    во Кавала во пладневните часови и сместување во хотел. Влезот во соби е
    после 14:00ч. Разглед на градот и посета на тврдината, Имаретот изграден во
    1817 г – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил
    роден во 1769 Мехмед Али – основачот на Египетската династија, како и
    симболот на Кавала – Аквадуктот. Слободно време за индивидуални
    активности. Факултативна 8 Мартовска вечера во една од локалните таверни.
    Ноќевање.
    Ден 2: 09.03.2024 (сабота)
    По појадокот се упатуваме на факултативна посета на археолошкиот локалитет
    “Филипи” каде групата ќе има можност да ги посети: Амфитеатарот, Форумот,
    Археолошкиот музеј, Базилики на рано христијанските цркви како и црквата
    посветена на Лидија – првата крстена христијанка од Апостол Павле. Токму на
    ова место се првите почетоци на христијанството во Европа. Во договорено
    време враќање назад во Кавала. Ноќевање.
    Ден 3: 10.03.2024 (недела)
    Појадок, по појадокот слободно време за индивидуални активности. Во
    договореното време тргнување назад за Македонија.
    Во цената на аранжманот е вклучено:
    – Превоз на дадената релација
  • – 2 ноќевања со појадок во Hotel 3*во Кавала
    – Организација на патувањето и пратител
    Во цената на аранжманот не е вклучено:
    Целодневна факултативна посета на археолошкиот локалитет Филипи –
    20 евра
    – Организирана 8мо Мартовска вечера во таверна со жива грчка музика –
    (цена дополнително)
    – Патничко осигурување
    – Туристичка такса 2,5 евра по лице од ноќевање
    НАПОМЕНИ:
    За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
    Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
    Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
    За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во
    спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред
    тргнувањето
    За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и
    доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин.
    месеци од денот на патувањето
    Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во
    агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен
    првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
    Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат
    на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат
    правилата и препораките дадени од страна на водичот.
    Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на
    локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да
    направи промена или отказ на факултативите на лице место
    За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Зулу
    Травел
    идеа