Италија-велигден

април 20, 2024

Уживајте долж Италија во едни од најпосакуваните дестинации кои ги имате на листата за посета. Доживејте незаборавни искуства со тимот на HoliYaY Травел.

Рим – Вечниот град, каде што модерното и старото, минатото и сегашноста одат рака под рака.

За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“… Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации.

Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана… Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере… Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија.

Датум: 27.04 – 05.05.2024
Времетраење: 6 ноќевања
Дестинација: Трст, Фиренца, Рим, Лидо ди Јесоло, Венеција
Превоз: Автобуски превоз
Цена: 439 €  Рана резервација
499 € Редовна цена

 

27.04 – 05.05.2024

Ден 1
– Поаѓање од Скопје во пладневните часови. Ноќно возење преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи.
Ден 2
– Пристигнување во Постојна Јама и факултативен разглед со локален водич. Попладневно сместување во хотел и краток разглед на Трст – Ноќевање
Ден 3
– Поаѓање за Фиренца. Сместување во хотел и попладневна факултативна посета на Фиренца. – Посета на Мостот Понте Векио, Галеријата Уфици, Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Црквата Санта Кроче итн.. – Ноќевање
Ден 4
– Појадок и припрема за факултативен излет – Поаѓање за Пиза и Чинкве Тере Посета на уникатната кула во Пиза и неверојатните 5 селца. – Враќање во хотел – Ноќевање
Ден 5
– Попатна посета на магичната Тоскана – Посета на Сан Џимиџано и на неверојатната Сиена. – Пристигнување во Рим во попладневните часови – Сместување во хотел – Ноќевање
Ден 6
– Појадок и припрема за факултативен излет во Рим Колосеум, Пантеон, Пиаца Навона, Шпански Скали, Фонтана ди треви и уживање во магичниот Рим – Враќање во хотел – Ноќевање
Ден 7
– Појадок и припрема за факултативен излет во Ватикан – Попладневно поаѓање кон Лидо Ди јесоло – Сместување во хотел – Ноќевање
Ден 8
– Појадок и припрема за Факултативна посета на Венеција – Поаѓање за Македонија – Ноќно возење кон Македонија
Ден 9
– Пристигнување во Македонија во претпладневните часови

Во цената е вклучено:

  • 6 ноќевања на база BB во Хотел 3* во Трст, Рим, Фиренца, Лидо ди Јесоло, Италија
  • Сместување во двокреветни, трокреветни и четирикреветни соби
  • Автобуски превоз

Во цената не е вклучено:

  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување

Забелешки:

  • Пасошите мора да бидат валидни најмалку 90 дена од моментот на заминување од Шенген зоната.
  • Секој патник треба да има важечко патничко осигурување
  • Со резервацијата треба да се плати аванс од 30% од вкупната сума
  • Плаќањата во денарска противвредност ќе се пресметуваат со курс 1 ЕУР = 62 МКД

Разглед и посета на следните факултативни екскурзии:

1. Постојна Јама – 30 евра

2. Трансфер и посета на Фиренца – 15 евра

3. Трансфер и посета на Пиза и Чинкве Тере – 45 евра

4. Посета и разглед на Рим 40 евра

5. Посета и влезница на Ватикан

6. Посета на Венеција со брод и разглед на Венеција – 25 евра