Истанбул 02.05-06.05.2024

февруари 6, 2024
Истанбул Велигден ( 3 ноќи ) – Програма на Тура
Цена-258 EUR

ПРВ ДЕН 02.05.2024 (четврток)

Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.

ВТОР ДЕН 03.05.2024 (петок)

Пристигнување на групта во Истанбул Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.Chech in во хотелот е после 14:00 час.По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината.Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Облакодерот „Сафир“ е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот, и да уживате во храна или кафе со незаменлив поглед.Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најзначајните знаменитости во Истанбул. Самата кула е висока 261 метар и има 54 спрата, каде што има голем трговкси центар. Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот Ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пленка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Како што денот заминува, во вечерните часови така енергијата на Ортакој се зголемува и почнува да се шири музика од околните кафулиња и барови. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот.

ТРЕТ ДЕН 04.05.2024 (сабота)

По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Галата Порт. Балат Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Посета на Балат е најдобра во текот на утрото, кадешто многу често се снимаат турски серии. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички. Галата Порт Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед од 2019 кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Вистинска атракција се големите крузери, коишто нашите патници имаат можност да ги видат одблизу. Станува збор за модерно пристаниште во вид на трговски центар кадешто секој од Вас има можост за одличен шопинг.

ЧЕТВРТИ ДЕН 05.05.2024 (недела)

По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Крстарење по Босфор 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Бејлербеи Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали. Ускудар (Азиски дел) На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Таксим Плоштадот

ПЕТТИ ДЕН 06.05.2024 (понеделник)

По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

Што е вклучено во цената

Три ноќевања во хотел со 3* со појадок

Автобуски превоз, Лиценциран придружник

Лиценциран туристички водич

Посета на Капали Чаршија

Туристичка такса

Посета на турската продавница „КОСКА”

Шопинг во „Аутлет 212“ Центарот

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Факултативни излети

Индивидуални трошкови

Важно

Задолжителна проверка на пасошот.

Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција.

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.

За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.

Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (во исклучителни случаеви и преку Република Бугарија) до Турција

Факултативни излети

Балат и Галата Порт

Цена за пакет:20е

Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце Македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат Турските серии и да се напиете Турско кафе, варено на песок.

Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Овде ќе имате можност да видите некои од најголемите светски крузери, да уживате во добра храна, кафе или шопинг, на кој Ве повикуваат излозите со светски стил. Нема да останете рамнодушни, верувајте ни!

Облакодер Сафир и Ортаќој

Цена за пакет:35е

Облакодерот Сафир има вклучена 7D проекција, стаклена тера на 50кат кадешто ќе имате незаменлив погледн ан цел Истанбул. Ортаќој е место кадешто ќе имате можност покрај Босфорскиот мост да ги јадете традиционалните големи компири кои ги полните со вкус по желба, а за они љубители на слатките, вафлите се идеален избор.

Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар, Watergarden, Таксим Плоштад

Цена за пакет:70е

Крстарење по Босфор-  Ви нудиме 2 часа крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.

Бејлербеи –Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од непосредна близина прку многубројните соби и хали кадешто поминувале време Турските Султани. Доколку сте љубител на мачки, ова е вистинска можност да пиете кафе покрај Босфорскиот мост, со поглед којшто е незаменлив со мачки насекаде околу Вас.

Ускудар (Азиски дел)-На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот, познатата алва во боја како и познатиот турски сендвич со риба. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Имате можност да седнете во рестораните покрај Босфор и да уживате во прекрасниот поглед.

Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Таксим Плоштадот-Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.

ВИП пакет

Цена за пакет:120е

*Балат

*Галата Порт

*Облакодер Сафир

*Ортаќој

*Крстарење по Босфор

*Бејлербеи

*Ускудар

*Watergarden

*Таксим Плоштад

atlan