Golden Beach 3* Metamorphosis

февруари 7, 2024

Хотел ГОЛДЕН БИЧ е лоциран во центарот и на 20 метри од песочната плажата во Метаморфозис. Опколен е со боровата шума од едната, а море од другата страна со што е совршен склоп за релаксирање и одмор. Хотелот располага со 47 соби: 1/3 ”Economy” собите се наоѓаат на приземје и немаат поглед кон море (брачен + eдинечен кревет), 1/3 “Standard” собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 ”Family Standard” собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба) и 1/4 ”Family Suite” собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Family Apartman со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба) . Секоја соба има балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ и тоалет. Хотелот има главен ресторан, бар, базен со чадори и лежалки кои се бесплатни за користење од страна на гостите, детско катче и сопствена плажа со бич бар кој е со доплата. Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН !

  • Појадок 08:00-10:00ч. на база шведска масa;
  • Вечера 18:30-21:00ч. на база шведска маса;

Попусти за рана уплата:

  • Попустот за рана уплата од 10% важи до 31.12.2024;
  • За резервација е потребен минимум 50% аванс, остатокот од сумата треба да биде доплатен најдоцна до 15.03.2024;

НАПОМЕНА:

– Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН+ за 7 ноќевања;

– Прво дете во 1/3 ”Economy” или ”Standard” од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;

– Второ дете во 1/3 ”Standard” до 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО

– Прво и второ дете во 1/4 ”Family” или ”Suite” од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО

– Трето дете во 1/4 ”Family” или ”Suite” од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО

–  Прво, второ и трето дете во 1/5 Апартман’ од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО

– Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО

– Трета,четврта и петта возрасна над 12 години во 1/4 студио,1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената во табелата;

– Туристичка такса е 1.5 еур на ден по соба и се плаќа на лице место;

– Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;

– Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;

– Сместување во собите е по 15:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време;

– За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);

– Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари;

– Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:

  • возрасни: 45 €
  • деца од 2 до 12 години: 35 €
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус);

x