Фиренца 22.03-25.03.2024

февруари 1, 2024
ФИРЕНЦА

Фиренца е главен град на прекрасниот италијански регион – Тоскана, централна Италија. Се наоѓа на околу 230 километри од Рим, и е опкружен со прекрасни заоблени ридови, фарми, лозја, овоштарници но и прекрасни архитектонски градби… Фиренца е неизмерно популарна дестинација за одмор поради нејзината убавина, уникатна архитектура како и за познатата италјанска храна. Историскиот аспект на Фиренца привлекува многу патници секоја година за да го истражат нејзиното интересно минато. Академиците веруваат дека Фиренца била родното место на европската ренесанса. Центарот на градот во Фиренца е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, бидејќи е дом на изобилство на историски и монументални градби стари стотици години.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ :  479 €

3дена -4 ноќи

 

1Ден22.03-Скопје – Болоња – Фиренца

Состанок на групата 2 часа пред полетување , на аеродром Александар Велики во Скопје. Лет за Болоња во 19:00 ч. , слетување во Болоња во 20:50 ч. Организиран трансфер до хотел во Фиренца. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

2Ден23.03)-Фиренца

Појадок. По појадокот следува пешачки разглед на прекрасната Фиренца (факултативно , со доплата).Градот својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата Медичи кои владееле од XIV- XVII век, познати како големи мецени на уметноста и културата. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот Понте Векио, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити. Можност за посета на Галерија УФИЦИ (индивидуално).Слободно време за прошетки и уживање во италјанското кафе, калони или неодоливите пасти. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

 

3Ден24.03Фиренца – Сан Џимињано – Сиена

Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен излет во живописните градови Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена – град со средновековен изглед, опколен со ѕидини од 16 век Ќе прошетаме по еден од најубавите европски средновековни плоштади Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација…Во договорено време се упатуваме кон Сан Џимињано. Овој мал типичен град е познат по виновите насади и големи површини покриени со маслинови градини. Заклучокот е јасен дека градот е најпознат по убавите вина и маслинови масла. Кратка прошетка во градот каде ќе може да пробате или купите некое вино, маслиново масло или едноставно да одморите со кафе и вкусно џелато(сладолед).Во договорено време се враќаме назад во хотел. Ноќевање.

 

4Ден25.03Фиренца – Болоња – Скопје

Појадок. По појадокот ќе имате можност за уште едно кафе во прекрасната Фиренца а во договорено време се упатуваме кон Болоња.Град најпознат по карактеристичните специјалитети од италјанската кујна но и по најстариот универзитет во Европа. Ќе прошетаме низ стариот дел од градот, препознатлив по бројните средновековни кули и плочници во форма на аркади по должината на поголемите улици, а со посебна убавина плени најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун.Ќе ги разгледаме најпознатите знаменитости на градот а ќе имаме и слободно време да пробаме некоја паста со најпознатиот сос што го носи името на овој град – болоњезе.Во договорено време сe упатуваме кон аеродромот во Болоња.Полетување за Скопје во 21:25 ч. Слетување во 23:05 ч.

Во ценета е вклучено :

–          Авио билет Скопје – Болоња – Скопје

–          Аеродромски такси

–          Рачен багаж

–          Трансфер аеродром – хотел – аеродром

–          3 ноќевања со појадок во Фиренца

–          Посета на Болоња

–          Претставник од агенција

Во цената НЕ е вклучено:

–          Разглед на Фиренца со локален водич – 20 €

–          Факултативна посета на Сиена и Сан Џимињано  – 80 €

–          Туристичка такса – 6€ по лице од ноќ (се плаќа во хотел)

–          Здравствено осигурување

–          Чекиран багаж

–          Влезници за локалитети и карти за јавен превоз

–          Индивидуални трошоци

Напомена : Пријавување на факултативи во агенција.За реализација на истите потребно минимум 16 пријавени патници !!

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • atlan