Пролом Бања 24.05.26.05.2024

март 23, 2024

Пролом Бања 24ти Мај 

Програма на патување: 
Прв ден 24.05.2024 (Петок) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Дневно патување со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација  и користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Видео презентација за Хотел Радан
 
Втор ден 25.05.2024 (Сабота) ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ 
Појадок. Во 10.00 часот поаѓање на факултативен излет со локален водич до локалитетот Ѓавола Варош. Мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Прошетката ја правиме со локален водич преку кој ќе дознаеме повеќе за легендите врзани со ова место. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Видео презентација за Ѓавола Варош
Трет ден 26.05.2024 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА – ЛАЗАРИЦА – СКОПЈЕ 
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 часот. Заминување на организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Зaминување за Македонија после пладне. Дневно патување со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
 
ПРОМО цена на аранжманот за пријави до 30.04.2021 –  145€/8.990мкд
Редовна цена на аранжманот – 165€/10.230мкд
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќи во 1/2 соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база полн пансион: појадок, ручек и вечера на база шведска маса
– Користење на внатрешен базен и внатрешно-надворешен базен со минерална лековите Пролом вода
– Секојдневно користење на Велнес Центарот : солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум
– Користење фитнес сала и сала за рекреација (билјард, пинг понг, тенис, пикадо)
– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
– Туристичка такса
– Организација, реализација и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување,
– Организиран излет до Ѓавола Варош, превоз, вклучена влезница и локален водич – 5€
– Индивидуални трошоци
Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна соба 30€ на цената на аранжманот
– Дете 2-7год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа само превоз 30€
– Дете 7-12год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни добива -50% попуст
– Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден по патник
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за користење на дополнително седиште во автобус 40€
НАПОМЕНИ:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
–  Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.