Прага 07.03.2024 – 10.03.2024

февруари 12, 2024

(07.03.2024 – четврток ) Скопје- Прага Состанок на аеродромот во Скопје во 10:35.Полетување за Прага во 12:35 ч., со еден стоп во Виена.Слетување во Прага во 16:00 часот. После царинските формалности следува организиран трансфер до хотел. Сместување и слободно време.Во вечерните часови може да се организира првото запознавање со Прага, по предлог на пратителот на групата.

(08.03.2024- петок) Прага Појадок во хотел.По појадокот следува организиран разглед на градот со локален водич.Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица…Остатокот од денот е слободен за индивидуални активности… Ноќевање.

(09.03.2024 – сабота) Прага – Карлови Вари Појадок. По појадокот следува посета на Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање назад кон Прага, слободно време. Ноќевање.

(10.03.2024) Прага – Скопје Појадок во хотел. После појадокот ќе имате слободно време за последното кафе во Прага. Во договорено време следи трансфер до аеродром. Во 16:40 полетување кон Скопје, преку Виена (5 часа преседнување на аеродром).Слетување во Скопје 15 минути по полноќ.

Цена: 399 Евра по лице

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

-Лет на релација Скопје – Прага – Скопје; Аеродромски такси

-Мала кабинска торба до 8кг (40x30x20cm)

-Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром

-Сместување во хотел 3* на услуга BB – 3 ноќевања

-Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

-Туристичка такса 4 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција

-Разглед на Прага со локален водич – 20 €

-Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 45 €

-Крстарење по Влтава – 20 €

-Вечера во пивница – 50 €

-Патничко осигурување

-Билети за јавен превоз

Задолжително пријавување за факултативите во агенција и за реализација 14 патника. Општи напомени: Организатор на аранжманот е Zulu Travel. Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот

-Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот

-Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

-За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника

-За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот

-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот

-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите

-За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици

-Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата

-Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. За оваа програма важат општите услови за патување на Zulu Travel.

atls