Манастирите на Фрушка Гора и Војводина 03.05-06.05.2024

јануари 26, 2024

Манастирите на Фрушка Гора и Војводина

03.05.2024 (Велики Петок) СКОПЈЕ – ТЕРМАЛ ВРДНИК 
Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните) во 03:30ч. Поаѓање за Србија во 04:00ч. Пристигнување во Војводина во бањата Врдник околу пладне и сместување во хотел. Слободно време за одмор, релаксација и индивидуални активности. Бесплатно користење на рекреативни базени со термална водa на хотелот. Вечера. Ноќевање.
04.05.2024 (Велика Сабота) СРЕМСКИ  КАРЛОВЦИ  – НОВИ САД
Појадок.  Ден предвиден за посета на Сремски Карловци и Нови Сад со попатна посета на манастирот Крушедол (културно историско наследство од исклучително значење лоциран на јужната страна во Фрушка Гора, Војводина). Започнуваме со посета на живописното гратче Сремски Карловци,  единствениот град изграден во ренесансен стил, познат уште и како Северен Ватикан. Разглед на градот со локален водич. Кратко слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Патувањето продолжува кон главниот град на Војводина, Нови Сад, поставен на левиот брег на реката Дунав. Организиран разглед со локален водич. Започнуваме со oбиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска Тврдина од каде се простира прекрасна панорама на Нови  Сад, продолжуваме со разглед на Плоштадот на Слободата каде се поставени Градското Собрание, Римокатоличката црква, зградата Железен човек, Змајовината улица, Соборната црква… Слободно време за кафе или ручек.  Доцна попладне враќање во хотел. Слободно време за одмор, релаксација и индивидуални активности. Вечера. По вечерата посета на манастирот Врдник кој е на неколку минути пешачење од хотелот Термал. Присуство по желба на Велигденска литургија. Ноќевање.
05.05.2024 (Велигден Недела)  МАНАСТИРИТЕ НА ФРУШКА ГОРА
Појадок. Ден предвиден за посета на манастирите на Фрушка Гора. Започнуваме со разглед и прошетка на националниот парк Фрушка гора, позната уште и како “Српската Света Гора” заради големиот број на манастири кои се лоцирани тука. Шеснаесетте манастири на српската православна црква тука се подигнати како задужбини на српските владетели, откако во доцниот Среден Век под притисок на Турците, тежиштето на српското духовно и културно наследство е поместено на север. Разглед на велелепните манастири распослани на нејзините падини: Врдник, Јазак, Мала Ремета (каде се наоѓаат дел од моштите на Св. Ѓорѓи Кратовски) … Патувањето продолжува до видиковецот над местото Врдник, кај Етно село Кула Врдник. Кратка пауза. Враќање во хотел. Можност за факултативен ручек во Салаш со Тамбураши или слободно време за одмор, релаксација и индивидуални активности. Бесплатно користење на рекреативни базени со термална вода. Вечера. Ноќевање.
06.05.2024 (Втор ден Велигден Понеделник) ТЕРМАЛ ВРДНИК – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи до времето предвидено за поаѓање кон Македонија. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
 
ПРОМО цена на аранжманот до 31.03.2024 – 169€/10.478мкд
Редовна цена на аранжманот – 189€/11.718мкд 
Цени по лице за минимум 2 лица во соба 
Цени во евра за уплата во денари по курс 1еур = 62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено: 
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во Хотел Термал Врдник во двокреветни соби без тераса
– Исхрана на база на база 3 ноќевања со појадок и вечера
– Организирана посета на Фрушка Гора и манастирите ( Крушедол, Врдник, Јазак и Мала Ремета)
– Бесплатно користење на рекреативни базени со термална вода со температура од 29 – 32,8°C
– Туристичка такса
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна посета на Нови Сад и Сремски Карловци – 10€ (доплата на лице место)
– Факултативен ручек со тамбураши во Салаш – 20€ (доплата на лице место)
– Задолжително патничко осигурување
– Индивидуални трошоци
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност  1€=62мкд.
– За ова патување потребен е валиден пасош, минимум 3 месеци од датумот на враќање, или валидна лична карта.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба
w