Љубљана, Блед ,Бохињ, Постоинска јама и Ријека- 07.03-11.03.2024

јануари 10, 2024

Цена на аранжманот:

За уплата до 15.01.2024 – 190 евра (11.780 ден.) 

За уплата до 31.01.2024 – 209 евра (12.960 ден.) 

Редовна цена: 220 евра (13,640 ден.)

1 ден 07.03.2024 ( Четврток ) Кавадарци-ЉубљјанаПоаѓање во 17:00 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

2 ден 08.03.2024 ( Петок ) ЉубљанаПристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Пешачка обиколка на историскиот центар на градот Љубљана, Змејскиот мост најомилениот симбол на градот, изграден во 19 век, на кој има 4 змејови кои го претставуваат симболот на Љубљана, катедралата Св. Николе – седиште на епархијата, Тромостие – познатите три пешачки моста на реката Љубљаница, Прешернов трг – главниот градски плоштад со споменик на Франц Прешерн, најголемиот словенечки поет, фрањевската црква, градската општина Љубљана, робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер…Слободно време за индивидуално разгледување. Хотелско сместување. Слободно време. Ноќевање.

3 ден 09.03.2024 ( Сабота ) Љубљана-Блед и БохињСлободен ден за индивидуални активности или предлагаме факултативен излет до Блед и Бохињ.Блед – бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите кремпити. Се продолжува кон Бохињ и Бохињското ледничко езеро кое е најголемото природно езеро во Словенија и е вклучено во Националниот парк Триглав. Слободно време до поаѓање за Љубљана

4 ден 10.03.2024( Недела) Љубјана – Постоинска Јама – РиекаПосле појадок се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Постојна ЈамаНедалеку од главниот град на Словенија – Љубљана, на само 55 километри оддалеченост, се наоѓа градот Постојна. Во близина на овој град се наоѓа огромна карстна пештера позната како Постојнска или Постојна Јама. Постојнска Јама е зачудувачка подземна формација во карстна карпа, изградена од самата природа, поточно, од водите на малата река Пивка. Реката тече низ самата пештера – тука нејзиниот канал се протега на 800 метри, може да се забележи во близина на пештерите, дури може да се види и местото каде што водата оди под земја…Должината на сите проучени премини на пештерата Постојна Јама во Словенија е 25 километри. Низ милениумите се формирал грандиозен камен лавиринт со богата содржина: грото и тунели, премини и спуштања, искачувања и дупки, падови, сали и галерии, сталактити и езера, реки кои одат под земја. (Патниците кои нема да влегуваат на разглед во пештерата ја чекаат групаат во околината на Постоинска јама ) Групата продолжува кон Риека .Разглед на Риека со локален водич пешачка прошетка по улицата Корзо, многу важни места од историјата на Ријека се на дофат при оваа чекорење. Прошетајте до плоштадот Револуција во Риека, плоштадот Коблер, Стариот град,античката Стара порта, катедралата Св. Вида, заштитникот на Риека, црквата Успение на Пресвета Богородица, а тука е и популарната Крива кула.Слободно време за ручек уживанје во приморското кафе.Попладневните часови тргнување на групата кон Македонија.

5 ден 11.03.2024 ( Понеделник ) Пристигнување во Кавадарци во пладневните часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Aвтобуски превоз на дадената релација;

-Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Љубљана ;

-Разгледување на Љубјана со локален водич;

-Придружник на групата.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;

-Посета на Постоинска Јама( билет+водич+слушалки)30 евра( миниум 20патници)

– Посета на Блед и Бохињ 25евра миниум(30 патници)

– Разглед на Риека со локален водич 10 евра задолжителна доплата.

-Туристичка такса 3.5 евра на ноќ-се плаќа во агенција;

НАПОМЕНИ:

Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;

За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;

За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање;

***Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. зУЛУ Травел и СКТМ.

СУПЕР