Будимпешта – Естергом – Вишеград – Сент Андреа 07.03-11.03.2024

јануари 10, 2024

За уплата до 15.01.2024 – 140 евра (8,680ден.)

За уплата до 31.01.2024 – 159 евра (9,860ден.)

Редовна цена: 169евра (10.480 ден.)

 Прв ден: 07.03.2024 (Четврток ) Кавадарци – Будимпешта.Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци. Патуваме преку граничен премин Табановце, ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден: 08.03.2024 (Петок) БудимпештаПристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…Ноќевање.

Трет ден: 09.03.2024 (Сабота) Будимпешта  Естергом – Вишеград-Сент АндреаПо појадокот Ве водиме на целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден: 10.03.2024 (Недела) Будимешта-МакедонијаПо појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта.Потоа следува посета на трговски шопинг центар Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Петти ден: 11.03.2024 (Понеделник)Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта;
  • Организација на аранжманот;
  • Лиценциран туристички придружник.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 250денари;
  • Крстарење по Дунав 20€;
  • Посета на Сент Андреа, Естергом и Вишеград 30€;
  • Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 10€;
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости;
  • Доплата за еднокреветна соба 4.200 денари.

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по завршување на патувањето.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување,
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
  • За ова патување важат општите услови на патување т.а Зулу Травел.
  • супер