Болоња -08.03-11.03.2024

декември 12, 2023

                                        08.03-11.03.2024 

                          ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ :  379 €

 

1ДенСкопје – Болоња

Состанок на групата 2 часа пред полетување , на аеродром Александар Велики во Скопје. Лет за Болоња во 19:00 ч. , слетување во Болоња во 20:50 ч. Организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

Ден2-Болоња – Парма – Болоња

Појадок во хотел. По појадокот следува разгледот на градот најпознат по карактеристичните специјалитети од италјанската кујна но и по најстариот универзитет во Европа. Ќе прошетаме низ стариот дел од градот, препознатлив по бројните средновековни кули и плочници во форма на аркади по должината на поголемите улици, а со посебна убавина плени најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун.Ги разгледаме најпознатите знаменитости на градот: базиликата San Petronio, Универзитетот, Due Tori, Палатата Банки (Palazzo dei Banchi), Палатата Нотаи (Palazzo dei Notai), Палататa Акурсио (Palazzo d’Accursio), Плоштадот Маџоре (Piazza Maggiore) и секако да се проба оригиналниот сос за паста кој го носи нејзиното име…Во попладневните часови ќе имаме можност за посета на светилиштето на Сан Лука (јавен траспорт), кое се наоѓа на Colle della Guardia, и е симбол на Болоња, како и место за религиозно обожавање со векови. Познато е по најдолгиот трем во светот со над 600 сводови и должина од 4 километри. Заедно со другите градски порти,е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2021 година. Светилиштето нуди прекрасен поглед на околниот пејзаж. Панорамската тераса отворена во 2017 година на височина од 42 метри над Colle della Guardia (300 m н.в.), им овозможува на посетителите да му се восхитуваат на уникатниот поглед од 180 ° на Болоња од ридовите до центарот кој се протега до Casalecchio di Reno…Враќање назад во Болоња. Индивидуални прошетки. Ноќевање.

Ден3-Болоња – Фиренца – Болоња

Појадок. По појадокот се упатуваме кон Фиренца (факултативно , со доплата), лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата Медичи кои владееле од XIV- XVII век, познати како големи мецени на уметноста и културата. Разглед на градот со водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот Понте Векио, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…Слободно време за индивидуални прошетки за љубителите на уметноста можност за посета на познатата Галерија Уфици. Во договорено време враќање назад во Болоња. Ноќевање.

Ден4-Болоња – Скопје

Појадок. По појадокот имаме слободен ден за прошетки низ прекрасната Болоња. Можност за факултативна тура за храна (food tour), каде ќе можете да се запознаете и да дегустирате познати кашкавали и шунки од Италија, сето тоа надополнето со прекрасно италјанско вино. Во договорено време сe упатуваме кон аеродромот во Болоња.Полетување за Скопје во 21:25 ч. Слетување во 23:05 ч.

Во ценета е вклучено :

– Авио билет Скопје – Болоња – Скопје

– Аеродромски такси

– Рачен багаж

– Трансфер аеродром – хотел – аеродром

– 3 ноќевања со појадок во Болоња

Разглед на Болоња со локален водич

–          Пратител од агенција

Во цената НЕ е вклучено:

– Факултативна посета на Модена и Парма – 60 €

– Факултативна посета на Фиренца + разглед со локален водич – 85 €

– Туристичка такса – 4€ по лице од ноќ (се плаќа во агенција)

– Здравствено осигурување

–  Чекиран багаж

– Влезници за локалитети и карти за јавен превоз

– Индивидуални трошоци

Напомена : Пријавување на факултативи во агенција.За реализација на истите потребно минимум 14 пријавени патници !!

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.Зулу Травел.
  • атлан