08-10.03.2024 Авионска програма
Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија. Истанбул претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.