Коста Дел Сол Шпанија -авион

јануари 21, 2024

ЛЕТО  2024 ВО ШПАНИЈА
КОСТА ДЕЛ СОЛ
Чартер програма со лет од Софија


Доколку посакувате одмор од соништата, покрај бескрајни сини пејзажи, тогаш 
Коста Дел Сол е вистинската дестинација за вас. Позната по долгите брегови, ситен песок и многу сончеви и топли денови, но и нешто повеќе… Јужниот брег на Шпанија на туристите им нуди магија, хедонизам и луксуз. Коста дел Сол нуди комбинација на одмор, уживање на сонце и волшебни пејзажи, место кое со години котира високо на листите со најпопуларни дестинации за совршен летен одмор. Секоја година повеќе од 5 милиони туристи го посетуваат југот на Шпанија и уживаат во магиите на Медитеранот. Климата е совршена, плажите преубави и романтични, спектарот од содржини за одмор и атракции – голем… Марбеља е одлична дестинација и главен туристички центар на Коста дел Сол, со атрактивните места кои го заслужуваат вашето внимание.

HOTEL LAS PALMERAS 4*- FUENGIROLA

https://www.fergushotels.com/es/LasPalmerasAffiliatedByFergus/

Хотелот Las Palmeras 4* е сместен во срцето на Коста Дел Сол, на одлична локација. Од хотелот лесно се стигнува до ресторани, кафетерии, барови и продавници во Фуенхирола. Хотел Las Palmeras 4*  располага со пространи и комфорни соби, секоја со тераса.

Хотелот се наоѓа во срцето на Коста дел Сол. Плажата е на околу 200 метри од хотелот. Свртен е кон пристаништето во градот Фуенхирола.  Располага со тениско игралиште, откриен базен со поглед кон пристаништето и соби со сопствен балкон. На располагање е 24-часовна рецепција и туристичко биро, каде можете да земете автомобил под наем. Трговскиот центар Mercacentro се наоѓа на 200 метри од Las Palmeras, а арената за борба со бикови е на 15 минути пешачење. Хотелот располага со 381 двокреветна соба, 11 мали апартмани, 6 соби приспособени за лица со попреченост во движење. Собите се удобни и комфорни. Располагаат со: бебешко креветче – на барање, поглед кон плажа или град, купатило со фен, клима /централна/, сеф – со доплата, ТВ, секојдневно чистење на собите. За појадок, ручек и вечера се користи ресторанот Oasis со капацитет до 700 лица. Ресторанот е со поглед кон пристаништето и нуди јадења на шведска маса. Хотелот има 3 бара. Нуди и рум-сервис. Las Palmeras 4* располага со сала за игри со билијар, пинг понг, откриен базен за возрасни и еден за деца на петтиот кат на хотелот со фантастичен поглед кон пристаништето за јахти. Има и мини клуб за деца од 5 до 12 години.

Термини на поаѓање: 03.05.2024, 10.05.2024, 17.05.2024, 24.05.2024, 31.05.2024, 07.06.2024, 14.06.2024, 21.06.2024, 28.06.2024, 05.07.2024, 12.07.2024, 19.07.2024, 26.07.2024, 02.08.2024, 09.08.2024, 16.08.2024, 23.08.2024, 30.08.2024, 06.09.2024, 13.09.2024, 20.09.2024, 27.09.2024, 04.10.2024, 11.10.2024, 18.10.2024, 25.10.2024

 

Цените се движат од:

670 еур до 850 еур по лице во стандардна соба – услуга полупансион
Максимален капацитет на собите е 2 возрасни + 1 дете до неполни 12 год. или 3 возрасни

Цената вклучува:

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

●      Авио билет Софија – Малага – Софија;

●      Аеродромски такси, чекиран багаж до 20 кг и рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 см;

●      Трансфер аеродром – хотел – аеродром со автобус;

●      7 ноќевања на база полупансион;

●      Панорамски разглед на Малага со водич на бугарски јазик;

●      Претставник на организаторот на бугарски јазик.

Задолжителна доплата: такса за гориво /доколку има поскапувања (се објавува 21 ден пред патување)

општинска такса 1,5 еур по лице на ден (се плаќа на рецепција во хотелот)

Цената не вклучува факултативни излети, по желба на патникот:

-факултативен излет „Арапска приказна – Гранада„, со посета на Алхамбра (вклучена влезница) – 88 еур возрасен / 72 еур дете до 11,99 г.; (резервација и уплата мин. 1,5 месец пред поаѓање – на лице место не е возможно да се обезбедат билети!)

-Целодневна екскурзија до Севиља (со вклучена влезница за Катедралата) – 75 еур возрасен/ 52 еур дете до 11,99 г.;

-Целодневна екскурзија до Кордоба – 67 еур возрасен / 41 еур дете  до 11,99 г.;
-Целодневна екскурзија до Бела Андалузија – Ронда и гратчето Сатанил де лас Бодегас – 77 еур возрасен / 46 еур дете до 11,99 г.;

-Полудневна екскурзија до Марбеља – 47 еур возрасен / 26 еур дете до 11,99 г.;

-Доплата за ручек 52 еур по лице за целиот престој

-Доплата за соба со поглед на море 108 еур по лице за време на целиот престој

-Слушалки за време на екскурзиите околу 14 еур по лице за целиот престој /се плаќаат на лице место, на водичот/

РЕД НА ЛЕТАЊЕ

(*можни се измени!)

Софија – Малага: 06:30-09:35

Малага – Софија: 10:15-14:50

Трансфер аеродром – хотел – аеродром:

Времетраење: околу 40 минути по правец со автобус.

За валидна резервација е потребна уплата од мин 50% од вкупната сума по лице. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање. Плаќањето е во денари по курс 1 еур=62 ден.

Цените се валидни за плаќање во готово или вирмански на сметка на Зулу Травел.

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) се издаваат 5 дена пред летот.

Услови за откажување на резервација од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Зулу Травел

До 30 дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 50% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.