Француската Ривиера 07.09-10.09.2024

јули 2, 2024

Опис

Авионска програма 07-10.09.2024

Француската ривиера е сè што тврди дека е и повеќе. Совршени градови како од разгледници, сонце во текот на целата година и блескаво сино медитеранско море. Азурниот брег, парче рај на Земјата во Јужна Франција. Меѓународната престолнина на луксузните патувања е преполна со воодушевувачки места кои се златен стандард за идилично патување.

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 650 ЕУР 

НАПОМЕНA: Понуда валидна за пријавени минимум 15 патници

Авионска карта
07SEP W6 4025  Belgrade – Nice 12:20 14:25
0SEP W6 4026 Nice – Belgrade 15:00 16:55

ПРОГРАМА:
Период на престој 07 Септември – 10 Септември / 3ноќи

07.09.2024  Скопје / Белград – Ница / Кан: Поаѓање од договорено место во раните утринските часови со попатни паузи согласно потреба. Пристигнување на аеродром во Белград 3 часа пред лет и чекирање на шалтер на Wizz Air. Полетување во 12:20ч. и пристигнување во Ница во 14:25ч. Организиран трансфер до хотел во Кан. Пристигнување и сместување согласно политика на хотелот после 14 часот. Слободно време и индивидуални активности. Опуштете се со пијалок покрај морето или прошетајте по Кроазета, која е амбиент за Канскиот филмски фестивал. Ви предлагаме да уживате во ручек под фреско во Le Suquet, Стариот град на Кан, кој гледа кон заливот.

08-09.09.2024 Кан: За време на престојот во Кан можност за организирање на факултативни екскурзии

СЕНТ ТРОПЕЗ: Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Одиме на познатата монденска плажа Памплона, позната по многубројните “Beach bar”-ови каде светскиот џет-сет одмара.

МОНАКО.-МОНТЕКАРЛО: Препорачуваме посета на  кнежевството Монако. Се упатуваме кон делот Монако Вил кадешто следува разглед на најзначајните знаменитости на Монако: Океанографскиот музеј, Катедралата Св.Никола, Кралската палата на семејството Грималди….Слободно време за сликање и уживање во најмирниот дел на Монако…Потоа се спуштаме кон Монте Карло, делот на кнежевството којшто е најмногу познат по казината и игрите на среќа.

10.09.2024 Кан/Ница – Белград/Скопје: Појадок и напуштање на хотелот согласно check out време на хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродром Ница. Полетување во 15:00ч. и пристигнување во Белград 16:55ч. Трансфер до Скопје

ПАКЕТ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Авионска карта со Wizz Air согласно саатници во програма / со рачен багаж (carry-on bag 40cm × 30cm × 20cm In the cabin placed under the seat)
  • Сместување во Кан во хотел 4*- Novotel Cannes Montfleury 4*– Cannes  https://hotel-cannes-montfleury.fr/  3 ноќевања со појадок
  • Трансфер аеродром Ница – хотел Кан – аеродром Ница
  • Трансфер Скопје – Белград аеродром – Скопје
  • Организација на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Туристичка такса
  • Факултативни излети
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Т.А. ЗУЛУ ТРАВЕЛ ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ