Hotel Jenny 3* – Siviri, Kassandra

февруари 7, 2024

Хотелот ЏЕНИ е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Хотелот располага со 37 соби: 1/2 со брачен кревет, 1/3 со 1 брачен кревет и 1 нормално легло и 1/4 со еден брачен кревет и две нормални легла. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Собите имаат прекрасен поглед кон плажата и морето. Хотелот располага со базен и лежалки кои се бесплатни за користење од гостите, а исто така има и бар покрај базенот. *HB (Half Board / Полупансион): – Доручек 08:00-10:00ч. на база шведска маса – Вечера 19:00-21:00ч. на база шведска маса. Во собите: клима уред (вклучен во цената), кабловска телевизија, фрижидер и тоалет (реновирани 2019 г.)

Цените се дадени по ЛИЦЕ на 7 ноќи ПОЛУПАНСИОН во Еур за уплата исклучиво во МКД
Хотелот располага со браќен кревет и два единечни кревети.
Прво и второ дете до 11.99 год. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
Деца од 12 години до 15,99 г. со двајца возрасни на редовно легло
има попуст од  70 % од цената во табелата.
Трет и четврт возрасен над 16 години плаќаат 50% од цената за возрасен.
Дете 3-8 години како 5то лице во соба доплата од 100 Еур во кревет со родител.
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст.
Програмата ПОЛУПАНСИОН се состои од 2 оброци.
Автобуски превоз 40 Еур возрасни Битола, Прилеп, 45 Еур Скопје, Велес, Кавадарци.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена.
Туристичката такса се плаќа на рецепција.
 Важат Општите услови за патување на СКТМ.

 

Услуга полупансион (појадок и вечера)
Цените обележани со црвено  се промо цени и на нив не следува попуст
Сместување во соба 1/2+2 = 1 голем (брачен) кревет + 2 единечни кревети
Прво и второ дете до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
Трет и четврт возрасен над 16 години, плаќаат по 50% од цената во табелата.
Дете од 3 до 8 години како 5 то лице во соба доплата 100 €  во кревет со родител
Бебешко креветче – бесплатно,

Во цената Е вклучено:

  • 7 полупансиони (шведска маса)
  • Клима уред
  • Безжичен интернет
  • Користење отворен базен со слатка вода
  • Бесплатно лежалки, чадори на базен во хотелот
  • Детски дел во дворот на хотелот

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување (задолжително е да се има)
  • Туристичка такса 3 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Напомени !
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до пред хотелот.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Сместување во собите е после 14;00 часот (локално време)
Напуштање на собите е до 10;00 часот (локално време)
За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 7% на вториот аранжман (не се комбинира)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во хотелот
Попустите не може да се комбинираат,
Сместувањето е согласно капацитетот на кревети (договорот за патување)
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

Полупансион:
Појадок 08:00-10:00 часот – шведска маса
Вечера   19:00-21:00 часот –  шведска маса

ar