Vila Tzina Neos Marmaras

март 31, 2024

 

Неос Мармарас е најголемото приморско село на вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

Вила Џина се наоѓа во централниот дел на Неос Мармарас, во близина на црквата, на околу 80 метри од морето и 500 метри од градската плажа. Вилата располага со  двокреветни и трокреветни студија, како и 1/2+1 (со 2 единечни кревети во собата и кауч во кујната) и четворокреветни апартмани.(2 единечни кревети во спалната соба и два единечни кревети во кујната). Сите соби имаат комплетно опремена кујна, бања, тераса, ТВ, клима уред и WiFi.

Попуст 15 % за 50 % уплата заклучно со 31.03.2024

ТЕРМИН НАЕМ 1/2 стд 1/2+1aпп и 1/3стд 1/4 апп
26.05 7 ноќи 200 € 230 € 260
02.06 7 ноќи 260 € 300 € 320
09.06 7 ноќи 340 € 380 € 410
16.06 7 ноќи 400 € 440 € 470
23.06 7 ноќи 430 € 470 € 500
30.06 7 ноќи 460 € 500 € 540
07.07 7 ноќи 490 € 530 € 560
14.07 7 ноќи 540 € 580 € 630
21.07 7 ноќи 540 € 580 € 630
28.07 7 ноќи 540 € 580 € 630
04.08 7 ноќи 540 € 580 € 630
11.08 7 ноќи 540 € 580 € 630
18.08 7 ноќи 490 € 530 € 540
25.08 7 ноќи 450 € 480 € 510
01.09 7 ноќи 390 € 440 € 470
08.09 7 ноќи 350 € 400 € 440
15.09 7 ноќи 310 € 350 € 380
22.09 7 ноќи 280 € 300 € 330

 

Во цената е вклучено

Наем на 7 ноќевања/8 дена

Wi fi интернет

Вклучена клима

 

Во цената не е вклучено

Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во вилата

Здравствено и патничко осигурување

НАПОМЕНИ: ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€

деца до 12 години 35 € / Еден правец 30 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

 

mag