Vila Lina Metamorfosi

април 29, 2024

 

VILA LINA – МЕТАМОРФОЗИ

ИНФОРМАЦИИ

Метаморфози е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која во комбинација со морето претставува вистинска воздушна бања. Во гратчето има бројни таверни и пицерии, добро снабдени маркети, продавници за маслиново масло и мед, пиљари, рибарница, фурни, аптека, лекар, Лидл маркет кој се наоѓа на само 6 км. во Никити.

Вила ЛИНА се наоѓа на прва линија во центарот и на 50 м. од плажа. Располага со студија и апартмани, со големи тераси, од кои поголемиот дел имаат директен и страничен поглед кон морето и прекасниот парк. Комплетно е реновирана и опремена со кујна, купатило, фен, ТВ, WI-FI и клима (бесплатно).

    Тип на соба: 1/3 Студио (Поглед море). Соба број 1 и 2.

Тип на соба: 1/4 Студио (Поглед море). Соба број 21 и 11.

Тип на соба: 1/4 Апартман (Страничен поглед кон море). Соба број 23 и 13.

Тип на соба: 1/4 Апартман (Поглед кон море). Соба број 22 и 12.

Тип на соба: 1/4 Апартман (Страничен поглед кон море). Соба број 32.

Тип на соба: 1/4 Апартман (Поглед кон море). Соба број 31.

НАПОМЕНИ:   

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);

* Туристичка такса се плаќа во објектот;

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време;

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите;

* Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 eur = 62,00 мкд.

 

 

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на договор за патување, и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот;

 

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:

* Попустот за рана уплата е 10% и важи за уплати до 31.12.2023

* Уплата 50% од износот на аранжманот;
* Доплата најдоцна до 01.03.2024;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

 

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до влезот на вила Лина;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 45 € возрасни

* 35 € деца од 2 – 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

* Избор на седиште во автобус: 10 евра

trx