Рим 09.10-13.10.2024

rim-zulu-travel
август 20, 2024
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања со појадок

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 08:40 часот. Лет за Рим W6 4757 во 10:40ч. Пристигнување во Рим во 12:25 часот. Трансфер до хотелот со попатен панорамски разглед: Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ви препорачуваме прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Имајте пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Ноќевање.

10.Октомври(четврток) РИМ – ВАТИКАН – НАВОНА
Појадок.
Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Ноќевање.

11.Октомври(петок) РИМ – ТИВОЛИ
Појадок.
Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба… Ноќевање..

12. Октомври (сабота) РИМ – Римокатоличките базилики и гробот на Св. Кирил
Појадок.
 Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралата Сан Џовани Латерано (поранешната претстолнина на Ватикан), базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи и една од најпозните скулптури на Микеланџело – Мојсије, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил, во долниот дел на црквата се наоѓаат едни од поважните археолошки ископини, каде ќе имате можност да видите оригинален пагански олтар од 1в.н.е… Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

  • 13.Октомври (недела)
    Појадок (спакуван).Рано наутро трансфер до аеродромот во Рим во 06:15ч. Лет за Скопје W6 4758 во 09:15ч. Пристигнување во Скопје во 11:00 часот.

* За реализација на факултативните екскурзии, потребен е минимум од 15 патници.

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси
– Сместување во хотел Рома Бест 4* на база 4 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
– Рачна торба торба (20x40x30cm) до 8кг
– Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Здравствено – патничко осигурување (околу 220мкд)
– Туристичка такса за хотел 4* од 7.5 € по лице по ноќевање која се наплаќа на рецепција
– Пријавен багаж до 20кг или 32кг – информација во агенција- Доплата за едно до друго седиште – информација во агенција
– Доплата за 1/1 соба – 195€
– Билети за превоз со метро 2€ по правец / 9.5€ дневен билет
– Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници

sav