Хотел Гранд Голд-Лето во Кумбургаз 2024
Во 2019-та година први започнавме да го работиме Кумбургаз и имавме неколку групи или околу 300 среќни патници. Летото 2020 година реализиравме 10-тина тури или однесовме околу 700 патници. Летото 2021-година направивме BOOM на македонскиот пазар со повеќе од 2.200 патници кои летуваа во Кумбургаз! Ова година КУМБУРГАЗ повторно достапен за вас! Во 2022 и 2023 година во Кумбургаз летуваа околу 5000 среќни патници. 6-то лето по ред Ве носиме на најбараната ХИТ дестинација во ТУРЦИЈА! Резервирајте по промо цени и летувајте 7 или 14 ноќевања во Кумбургаз.
На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.
Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 45км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО! Најдобриот хотел на сама плажа Гранд Голд.
Сместување е во хотел GRAND GOLD со 3* на сама плажа во Кумбургаз, кој има своја приватна плажа и за користење на лежалка не е потребна доплата. Хотелот располага со различен тип на соби од кои можат да се сместат најмалку 2 лица до макс. 4 лица а вкупниот број на соби е 73.Во склоп на хотелот има има два ресторани, еден на отворен и еден на затворен простор и базен кој е со солена вода секако бесплатен за користење.
Во табелата се истакнати редовните цени по лице:
ТЕРМИН |
|
Редовна цена |
1 термин |
04.06.2024 – 11.06.2024 |
189е |
2 термин |
11.06.2024– 18.06.2024 |
199е |
3 термин |
18.06.2024 – 25.06.2024 |
209е |
4термин |
25.06.2024 – 02.07.2024 |
220е |
5термин |
02.07.2024– 09.07.2024 |
230е |
6термин |
09.07.2024-16.07.2024 |
245е |
7термин |
16.07.2024-23.07.2024 |
250е |
8термин |
23.07.2024 –30.07.2024 |
255е |
9термин |
30.07.2024-06.08.2024 |
255е |
10термин |
06.08.2024-13.08.2024 |
255е |
11термин |
13.08.2024-20.08.2024 |
255е |
12термин |
20.08.2024-27.08.2024 |
255е |
13термин |
27.08.2024-03.09.2024 |
255е |
14термин |
03.09.2024-10.09.2024 |
225е |
15термин |
10.09.2024-17.09.2024 |
215е |
16термин |
17.09.2024-24.09.2024 |
189е |
Што е вклучено во цената
- Седум ноќевања во хотел Гранд Голд 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок (ЦЕНА ПО ЛИЦЕ)
- Автобуски превоз
- Туристички придружник за време на целиот престој
- Лежалки на плажа и базен
- Користење на 1 базен
- Превоз од: Скопје, Велес, Прилеп, Битола,Гевгелија,Неготино,Штип
Што не е вклучено во цената
- Доплата за сингл соба е 50% од редовната сума на аранжманот
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Факултативни излети.
- Туристичка такса 3,50е по лице за 7 ноќевања
Важно
- Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
- Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
- За резервација е потребно мин. 30% уплата од вкупната сума, остатокот се доплаќа на мин. 10 дена пред поаѓање
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
- За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од редовната цена на аранжманот поради вториот кревет
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од редовната цена на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
- Превоз од: Скопје, Велес, Неготино, Штип, Прилеп, Битола.
- Промо цените важат исклучиво со целосна уплата
- За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
- За споен термин се сметат две суми од промо цените.
- За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
- Во случај за уплата на сингл соба по промо цена цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
- Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
- За споен термин се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени(ова не важи за промо цените ).
- Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
- Доплата за туристичка такса 0.50е од ден ( Се плаќа во автобус)
- Цените се наменети по лице за 7 ноќевања и превоз и појадок од Скопје до Кумбургаз и назад.
- Цените се изразени во евра/уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
- Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни
- При генерално чистење на секоја смена, собата се напушта во 09:00ч по локално време.
- Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
- Хигиената во собата за време на престојот ја одржуват самите гости
- Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори, а Ескејп травел како агенција нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби.
- Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
- Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
ИСТАНБУЛ –Цена за пакет: 65е
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Овој факултативен излет започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.
БАЛАТ- Посета на шарената филмска населба “Балат”чии улички ги има на многу познати филмови,каде најубави фотографии се прават во оваа населба.Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Во склоп на факултативата се посетува железната црква,каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и Велешкиот митрополит Малетиј,се посетува Вселенската Патријаршија,а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.
ГАЛАТА ПОРТ-Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи и Крузери на дневно ниво.
Таксим– Таксим Плоштадот
Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.
ШОПИНГ ТУРА
Цена за пакет: 20е
– Капали Чаршија
– Outlet 212
– KOSKA (продавница за слатки работи)
– GLORIA Трговски Центар