Балтичка Тура Талин -Хелсинки-Рига-Кулдига 09.09-13.09.2024

јули 15, 2024

БАЛТИЧКА ТУРА

ТАЛИН-ХЕЛСИНКИ-РИГА-КУЛДИГА

Со директен лет од Скопје

(09.09.2024-13.09.2024)

 

 

Прв ден: 09.09.2024 (понеделник)Скопје-Рига-Талин

 Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 00.30 часот. Полетување за Рига во 02.45 часот, слетување во 06:25 часот по локално време. Летот за Талин е во 07.35 часот, пристигнување во Талин во 08.35 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Metropol“ 3* лоциран во непосредна близина на стариот дел од градот (https://www.metropol.ee/hotel/ ). Го оставаме багажот во хотелот и заминуваме на организиран пешачки разглед на најдобро сочуваниот средновековен град во Европа. Главниот град на Естонија ќе ни овозможи незаборавно патување низ вековите бидејќи е своеводен музеј на отворено… Во стариот град кој е под заштита на Унеско се наоѓа најпознатата готичка градба-600 годинишната зграда на Градското Собрание која е најстарата зграда во цела Скандинавија. Исто толку години е стара и аптеката која од 1422 година без прекин работи на истото место; денес тука можете да купите современи лекови но и средновековни мелеми. На само неколку минути од главниот плоштад се наоѓа црквата „Sveti Olaf“ посветена на норвешкиот крал Olaf Втори, највисоката средновековна градба од 12. Век чија кула е висока повеќе од 123 метри и за време на советската влада се користела за набљудување. Разгледот на една од најубавите светски дестинации ќе го реализираме со лиценциран туристички водич, а потоа имаме слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време сместување на групата во хотелот. Слободно време за одмор и за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 10.09.2024 (вторник)– Талин-Хелсинки

Појадок. Заминување на групата кон пристаништето, а од таму со брод се упатуваме кон Финската престолнина Хелсинки.  Велат, Финците се најсреќен народ, можеби заради поларната светлина или пак поради кафето по чие конзумирање се први во светот. Околу два и пол часа трае пловидбата низ величествениот Фински Залив; попатно ќе ја видиме и импресивната одбранбена тврдина „Suomenline“ од 18. век под заштита на Унеско која се простира на шест мали острови… Пешачкиот разглед на преубавата ќерка на Балтикот, како што го нарекуваат Хелсинки ќе го реализираме со лиценциран туристички водич: Руската Православна Црква, Плоштадот на сенатите, Хелсиншката Катедрала која е всушност Евенгелистичко-Лутеранска Катедрала, Националниот и Музејот на модерна уметност, паркот кој наликува на Њујоршкиот Централ Парк. Во самиот центар на градот се наоѓа централната библиотека наречена „Ооди“, објект вреден 98 милиони евра наречен „рај со книги“ во кој има над 100 илјади романи кои им се на располагање на читателите. Библиотеката секој ден ја посетуваат 10 илјади луѓе. По организираниот разглед слободно време за индивидуални активности. Во доцните попладневни часови се враќаме назад кон пристаништето и од таму повторно со брод се враќаме во хотелот во Талин. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 11.09.2024 (среда)- Талин-Рига

  Појадок. Организиран трансфер со автобус до Рига, главниот град на Латвија. Сместување на групата во хотел „Avalon“ 4* во срцето на стариот град ( https://hotelavalon.eu/ ). Краток одмор од патувањето, а потоа организиран пешачки разглед кој го започнуваме со прошетка низ камените улици на оваа престолнина која е под заштита на УНЕСКО. Тука се црквите „Свети Петар“ и „Свети Јаков“, Катедралата со највредните оргуљи на светот, Градските ѕидови кои ќе не` вратат во стариот век, Шведската врата која е единствен сочуван влез во Стариот град, Парламентот, Куќата на црните глави- една од најубавите во цела Латвија, Споменикот на слободата… По организираниот разглед, слободно време за прошетка низ улиците кои изоболуваат со продавници, барови, ресторани и шарени фасади во јаки бои…Можеби не сте знаеле, но во Рига има повеќе од 800 згради изработени во art nuvo стил кои ќе ги препознаете по изрезбарените врати, богатите цветни декорации и скулптурите на жени. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 12.09.2024 (четврток)- Рига-Кулдига-Скопје

 Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот (го оставаме багажот во хотелот) и заминуваме на западниот дел од Латвија кон малиот шармантен град Кулдига кој токму заради посебната архитектура во септември минатата година е вклучен во листата на УНЕСКО како Светското културно наследство. Овој стар град има архитектура која за прв пат се споменува уште во 1252-та година. Низ самиот центар на градот тече реката Алекшупите која формирала прекрасен водопад висок 4,2 метри што всушност претставува највисок водопад во Латвија. Најголемата атракција во градот е камениот мост од црвена цигла изграден 1847-ма година кој со својата должина од 164 метри е најдолг мост од ваков вид во Европа. Организиран разглед на еден од најсликовитите градови во Латвија каде до денес се чуваат старите дрвени згради кои датираат уште од 1670-та година. Слободно време за индивидуални прошетки низ улиците кои отсекогаш биле инспирација за сликарите и поетите. Во доцните попладневни часови се враќаме назад во Рига. Во 21.00 часот за имаме организиран трасфер од хотелот до аеродромот во Рига. Летот е во 00.15 часот по локално време, слетување во Скопје во 02.01.часот.

 

 

Промотивна цена за уплата до 01.07.2024…….. 659 евра (40.860 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………699 евра (43.340 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени  следните услуги:

 . Авионски билет Скопје-Рига-Талин со вклучени аеродромски такси

• Авионски билет Рига-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 2 ноќевања со појадок во хотел 3 * во Талин

• 1 ноќевање со појадок во хотел 4 * во Рига

• Билет за брод на релација Талин-Хелсинки-Талин

• Лиценциран туристички водич за време на целото патување

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 • Доплата за еднокреветна соба – 140 евра

•Туристичка такса – 6 евра за сите ноќевања (се плаќа во агенцијата)

• Патничко осигурување

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 200 евра (12.400 денари). Целосна доплата на аранжманот до 10.08.2024

 

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

atlk