Јапонија 01.09.2026-11.09.2026

ноември 24, 2025

Незаборавна авантура во Јапонија – Земјата на изгрејсонцето

Незаборавна авантура во Јапонија – Земјата на изгрејсонцето 

ТОКИО-ХАКОНЕ-ОСАКА-КЈОТО-ХИРОШИМА-НАРА

 (01.09.2026-11.09.2026)

Јапонија-земја на црешовиот цвет, на гејшите, на сушите, на самураите, на недопрената природа, културата, чудните обичаи, најсовремената технологија… Тоа е држава која е преполна со контрасти, традиција и современост, дисциплина и иновативност. Јапонија е единствена, необична, за некои сосема несфатлива.

Ќе невоодушеви со својата историја, јазикот, богатата култура, храната, пејзажите, луѓето…

Тоа е дефинитивно државата која морате да ја посетите!

Прв ден: 01.09.2026 (вторник)Скопје-Истанбул-Токио

 Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07.00 часот. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 11:20 часот по локално време. Летот за Токио е во 15.50 часот.

 

 

Втор ден: 02.09.2026(среда)– Токио

Пристигнување во Токио во 08.55 по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до хотелот „Sotetsu Fresa Inn Higashi-Shinjuku“ 3*, лоциран во Shinjuku, во непосредна близина на железничката станица Shinjuku, која со 3.6 милиони патници на ден е најпрометната железничка станица во светот. Слободно време за одмор од патувањето, а потоа одиме на организиран разглед на првите знаменитости на Токио, кој со 41 милион жители е најголемата светска метропола. Има многу интересни факти за Токио – тој е дом на најстарата компанија во светот основана во 578-та година, на познатата раскрсница Shibuya која ја поминуваат повеќе од 2.500 пешаци секој пат кога ќе се вклучи семафорот и на повеќе од 100.000 ресторани и 8.000 караоке барови. Најпрво се упатуваме кон квартот Асакуса, во кој се наоѓа Sensō-ji, најстариот будистички храм во Токио основан во 7-ми век. Организирана посета на храмот, а потоа слободно време за прошетка низ улицата Nakamise која води до храмот. Улицата е изградена во 12-ти век, кога на Јапонците кои живееле во близина на храмот им било дозволено да отворат продавници за посетителите. Nakamise е сеуште позната по многуте продавнички со сувенири и традиционални јапонски специјалитети. Оттаму се упатуваме кон Tokyo Skytree, телевизиска кула која со висина од 634 метри своевремено била највисоката градба во Јапонија и третата највисока во светот. Од оваа кула ќе имаме уникатна можност да уживаме во панорамската глетка на главниот град на Јапонија. Враќање во хотелот и слободно време за слободни активности во околината на хотелот, која изобилува со продавници, ресторани и барови. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 03.09.2026 (четврток)- Токио

 Појадок. Продолжуваме со откривање на Токио. Започнуваме со Кралската Палата, главната резиденција на Императорот на Јапонија. Лоцирана во срцето на Токио, палатата е како зелена оаза сред илјадниците облакодери, опкружена со внимателно одржувани зелени градини кои се простираат на 115 хектари и кои се секојдневно исполнети со многу луѓе кои таму шетаат или спортуваат. Продолжуваме кон светилиштето Meiji Shrine, посветено на духот на 122-от император на Јапонија Meiji и неговата сопруга. Meiji Shrine е храм на Шинтоизмот, оригиналната јапонска религија која е длабоко вкоренета во културата и општеството во Јапонија. Го менуваме ритамот и ја откриваме модерната страна на Токио. Слободно време за прошетка низ квартовите Harajuku и Omotesando, кои се центарот на јапонската и меѓународната мода и изобилуваат со популарни барови и продавници на најпознатите брендови во светот. Го завршуваме денот со најпрометната раскрсница во светот Shibuya и со посета на статуата на легендарното куче Hachiko, кое станало синоним на посветеност и упорност бидејќи цели десет години по смртта на неговиот сопственик секојдневно доаѓало до раскрсницата Shibuya чекајќи го да се врати од работа. Враќање во хотелот и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 04.09.2026 (петок)- ТокиоХаконе

 Појадок. Ден посветен на Hakone, гратчето познато по бањите, природните убавини и глетката на највисоката планина во Јапонија – Фуџи. Организиран транфер до Хаконе, каде најпрво ќе го посетиме светилиштето Хаконе, сместено на брегот од езерото Ashi и на почетокот од густата шума. Светилиштето има историја подолга од 1000 години и низ историјата го посетувале многу самураи и воени командири за да побараат заштита од светите духови. Со малку среќа, од брегот на езерото ќе имаме можност да уживаме во глетката на вулканот Fuji, кој се наоѓа на само шеесетина километри од Хаконе и јасно се гледа кога времето е ведро. Фуџи не е само највисоката планина во Јапонија, туку е и свето место за Јапонците а воедно и активен вулкан кој еруптирал за последен пат во 1707 година. Ја продолжуваме нашата екскурзија со посета на вулкански активната област во близина на Хаконе – долината Owakudan, од каде може одблизу да се набљудува интензивна вулканска активност. Специјалитет во Owakudan се познатите црни јајца – обични јајца чија лушпа станува црна кога ќе се сварат во жешките вулкански извори и за кои локалните жители веруваат дека го продолжуваат животот. На крајот од нашата авантура ќе се качиме на жичарницата во Hakone, која нуди панорамски поглед на целата област и уште една можност за набљудување на планината Fuji. Попладнето се враќаме во Токио. Ноќевањe.

 

 

Петти ден: 05.09.2026 (сабота)- Токио

 Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки во Токио. Ноќевање.

 

 

Шести ден: 06.09.2026 (недела)- Токио-Осака

 По појадокот се одјавуваме од хотелот и со организиран трансфер се упатуваме до железничката станица во Токио, од каде се качуваме на брз воз и патуваме кон Осака. Јапонските брзи возови, познати како „bullet trains”, се меѓу најпознатите и најточните во светот и достигнуваат брзина над 300 километри на час. Пристигнуваме во Осака и се сместуваме во хотелот „Plaza Osaka” 4*. Краток одмор од патувањето, а потоа заминуваме на полудневна прошетка низ главните знаменитости на Осака. Започнуваме со замокот Osaka Castle, еден од најпознатите симболи на Јапонија кој одиграл значајна улога во обединувањето на Јапонија во 16-от век. Покрај панорамскиот поглед на градот, замокот нуди и ретка музејска колекција на историски артефакти, кои ја доловуваат важноста на Осака во јапонската историја. Оттаму се упатуваме кон Dotonbori, квартот сместен по течението на каналот Дотонбори, кој е главниот туристички дел од градот, познат по ноќниот живот и рестораните со локални специјалитети. Слободно време за уживање во атмосферата на третиот најголем град во Јапонија. Ноќевање.

 

 

Седми ден: 07.09.2026 (понеделник)- Осака-Кјото

 Појадок. Организиран трансфер до Кјото кој бил седиште на императорот и главен град на Јапонија во периодот од 794 до 1868 година. Кјото денес е центар на јапонската традиција и култура, богат со стотици храмови, светилишта и ресторани со традиционална јапонска храна. Ако Токио ја претставува модерна Јапонија, Кјото е местото каде може да се доживее вистинската, автентична Јапонија. Започнуваме со посета на Kinkaku-ji, будистички храм и една од најголемите туристички атракции во Кјото. Храмот датира од 14-ти век, а сегашниот објект е павилјон на три ката од кои два се целосно обложени со злато. Посетуваме уште еден храм посветен на Зен Будизмот – Ryōan-ji, прочуен по градината која е изградена во специфичниот стил на јапонски камени градени, со користење на само 15 камења со различна големина. Се претпоставува дека градината ја направил прочуен Зен монах пред околу 500 години, но значењето на нејзината симболика останало мистерија. Во Кјото ќе ја посетиме и областа Arashiyama во непосредна близина на Кјото, препорачана од Јапонската Влада како место со особена природна убавина. Ќе имаме несекојдневна можност да се прошетаме низ светски познатата бамбусова шума и да го видиме познатиот дрвен мост над реката Катсура. Истражувањето на Кјото го завршуваме со уште еден будистички храм Kiyomizu Dera, кој е изграден уште пред основањето на Кјото и кој до денес служи како центар за обука на монасите од јапонската Тендаи будистичка школа, основана во 806 година. Локацијата на храмот во подножјето на планината Отова, и неговата голема дрвена платформа нудат прекрасен поглед на Кјото од височина. Во попладневните часови се враќаме во Осака. Ноќевање.

 

 

Осми ден: 08.09.2026 (вторник)- Осака-Хирошима

 Појадок. Организиран трансфер до железничката станица во Осака, од каде се качуваме на брз воз и патуваме до Хирошима, градот кој во 1945 година беше скоро целосно уништен во првиот напад со нуклеарна бомба во историјата. Денес Хирошима е светски симбол на мирот, сеќавањето и надежта. Во Хирошима ќе го посетиме Меморијалниот Парк на мирот, кој е изграден на местото каде пред нападот се наоѓал политичкиот и бизнис центарот на градот. Паркот денес има Музеј посветен на нападот од 6-ти август 1945 година и неговите последици и служи како потсетник на жртвите, но и на опасноста од користење на нуклеарно оружје. По посетата на градот, се упатуваме кон островот Miyajima, кој се наоѓа на околу еден час оддалеченост од Хирошима. На островот се наоѓа светилиштето Itsukushima, една од најголемите туристички атракции во Јапонија, изградено во 1168 година кое е под заштита на УНЕСКО. Светилиштето е најмногу познато по 15 метарската дрвена порта изградена во морето, која се смета за една од највпечатливите глетки во Јапонија. Во вечерните часови враќање во Осака. Ноќевање.

 

 

Деветти ден: 09.09.2026 (среда)-Осака-Нара

 Појадок. Организиран трансфер до Нара, уште една поранешна престолнина на Јапонија. Нара се смета за најстар град во Јапонија, а денес е дом на повеќе значајни храмови и други историски споменици под заштита на УНЕСКО. Најголемите атракции се наоѓаат во паркот Нара, во непосредна близина на градот, во кој живеат голем број диви елени, кои се навикнати на посетителите и слободно се шетаат меѓу нив. Во паркот се наоѓаат повеќе будистички храмови, од кои ќе ги посетиме најзначајните. Еден од нив е Todai-ji, изграден во 8-ми век, кога Нара бил седиште на императорот. Во храмот се наоѓа статуата на Големиот Буда, која е висока 15 метри, но во него се чуваат и повеќе други национални богатства. Kasuga-taisha е шинто храм, кој се смета за едно од најсветите места на националната религија на Јапонија. Храмот е опкружен со ботанички градини, а околу него слободно се шетаат пријателски расположените елени кои верниците ги сметаат за гласници на боговите. Во попладневните часови враќање во Осака. Ноќевање.

 

 

Десетти ден: 10.09.2026 (четврток)-Осака-Истанбул

 Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и слободно време за индивидуални прошетки во Осака. Во попладневните часови организиран трансфер до аеродромот во Осака. Летот за Истанбул е во 22.10 часот по локално време.

 

 

Единаесетти ден: 11.09.2026 (петок)-Истанбул-Скопје

 Слетување во Истанбул во 04.55 часот по локално време. Летот за Скопје е во 7.25, слетување во Скопје во 07.55 часот.

 

Промотивна цена за уплата до 25.12.2025…… 2790 евра (172.980 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………2990 евра (185.380 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 • Авионски билет: Скопје-Истанбул-Токио со вклучени аеродромски такси

• Авионски билет: Осака-Истанбул -Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Билет за воз Токио – Осака

• Билет за воз Осака – Хирошима – Осака

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 4 ноќевања со појадок во хотел Sotetsu Fresa Inn Higashi-Shinjuku 3* во Токио

• 4 ноќевања со појадок во хотел Plaza Osaka 4*во Осака

• Сите разгледи, посети и влезници вклучени во програмата со организиран трансфер

• Лиценциран туристички водич

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 • Патничко осигурување

• Доплата за еднокреветна соба – 250 евра

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 500 евра (31.000 денари) најдоцна до 25.12.2025. Целосна доплата на аранжманот до 25.07.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

 atk