Мадрид & Барселона
27.12 – 01.01 | 6 дена / 5 ноќевања
Viva España! Новогодишна еуфорија во Мадрид и Барселона
Кога сонцето на Шпанија ја дочекува Новата година – приказна исполнета со светла, емоции и незаборавни моменти.
1 ден – 27.12 | СКОПЈЕ – МАДРИД
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:00 часот. Лет за Мадрид во 16:05. Пристигнување во 20:00 часот, по што следи трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање во Мадрид.
2 ден – 28.12 | РАЗГЛЕД НА МАДРИД
По појадокот следи организиран разглед на Мадрид со локален лиценциран водич на српски јазик. Ги откриваме најзначајните знаменитости: плоштадот Puerta del Sol, историскиот Plaza Mayor, Кралската палата, катедралата Алмудена и авенијата Gran Vía.
По официјалниот дел – слободно време за индивидуални прошетки, музеи или гастрономски уживања во срцето на шпанската престолнина. Ноќевање во Мадрид.

3 ден – 29.12 | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА ДО ТОЛЕДО
Појадок, по што заминуваме на целодневна факултативна екскурзија до Толедо – најромантичниот средновековен град во Шпанија и вистински музеј под отворено небо. Со локален водич на српски јазик ги откриваме катедралата, еврејската населба, старите мостови и бројните панорамски точки од кои Толедо блеска во својата полна убавина. Враќање во Мадрид и слободна вечер. Ноќевање во Мадрид.
4 ден – 30.12 | МАДРИД – БАРСЕЛОНА – РАЗГЛЕД НА БАРСЕЛОНА
Појадок (lunch пакет), а потоа трансфер до железничката станица и патување со брз воз до Барселона. По пристигнувањето следи трансфер до хотелот, оставање на багажот и краток одмор.
Продолжуваме со разглед на Барселона со локален водич на српски јазик, каде ќе ги видиме ремек-делата на Гауди – Sagrada Família, Casa Batlló и La Pedrera – ќе се прошетаме по Passeig de Gracia, низ готскиот кварт, покрај катедралата и по живописната La Rambla.
По разгледот – слободно време. Ноќевање во Барселона.
5 ден – 31.12 | ЖИРОНА + ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА
Појадок и можност за факултативна екскурзија до Жирона – еден од најубавите каталонски бисери, познат по зачуваното средновековно јадро, импозантната катедрала, шарените куќи долж реката Оñar и мистичните улички каде се снимале сцени од Game of Thrones.
По враќањето во Барселона – слободно време за подготвки и уживање.
Вечерта е резервирана за дочек на Новата година на плоштадите Plaça d’Espanya или Plaça Catalunya, со можност за индивидуална вечера во ресторан, бар или клуб.
Ноќевање во Барселона.
6 ден – 01.01 | БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Појадок и слободно време за последни прошетки, кафе покрај морето или индивидуални активности. Трансфер до аеродромот во 17:30 часот и лет за Скопје во 20:55. Пристигнување во Скопје во 23:40 часот.
Крај на патувањето.
❗ 699 € → ПРОМО ЦЕНА 639 €ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
✔ Авио-билет Скопје – Мадрид (WizzAir)
✔ Воз Мадрид – Барселона
✔ Авио-билет Барселона – Скопје
✔ Рачен багаж 8 kg
✔ 3 ноќевања со појадок во Мадрид
✔ 2 ноќевања со појадок во Барселона
✔ Трансфер аеродром Мадрид – хотел
✔ Трансфер аеродром Барселона – хотел
✔ Трансфер железничка станица – хотел
✔ Прaтител на групата цело време
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
✖ Факултативен разглед на Мадрид со локален водич
✖ Екскурзија Толедо со водич и трансфери
✖ Факултативен разглед на Барселона со локален водич
✖ Факултативни излети (Монсерат, Жирона или други по избор)
✖ Влезници за атракции
✖ Патничко осигурување
NO