Париз 12.02-15.02.2026

јануари 17, 2026

Париз

Париз, Версај, Фонтенбло

12.02-15.02.2026

  • Локација

    Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации.

    Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници.

    Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

     

  • Програма

    1 ден

    Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет Полетување за Париз во 06:00ч. Слетување во 09:05 ч. Организиран трансфер со автобус до Париз, со краток панорамски разглед на: Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – историски плоштад, Champs-Élysées – позната авенија, Assemblée Nationale – француското национално собрание, и Tuileries Garden – историска градина со фонтани и статуи. Разгледот продолжува кон Tour Eiffel, со слободно време за искачување (факултативно) или фотографирање на Trocadéro. Сместување во хотел. Ноќевање.

     

    2 ден

    Појадок. Организирано поаѓање кон Латинскиот Кварт. Посета на Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини и Église Notre-Dame – Богородичната црква (однадвор). Разгледот продолжува кон Montmartre, со посета на Basilique du Sacré-Cœur – црквата Свето Срце (однадвор) и Place du Tertre – плоштадот на уметниците. Разгледот завршува со кратка посета однадвор на Moulin Rouge и слободно време за фотографирање. Факултативно: организирана посета на Versailles и разглед на новиот дел на Париз – La Défense. Враќање во хотел. Ноќевање .

     

    3 ден

    Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Opéra Garnier – позната оперска куќа и посета на Galeries Lafayette – еден од најпознатите трговски центри во Париз. Слободно време за шопинг. Посета на Musée du Louvre – Лувр музеј (влезницата се наплаќа). Факултативно: можност за бродска тура по реката Сена. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

    4 ден

    Појадок. Организиран трансфер за на аеродром. Полетување во 09:55ч од Париз и слетување во Скопје во 12:40ч.

Цена по лице :399 Eur

 

  • Вклучено

    • Авио билет на релација Скопје-Париз Wizzair
    • Аеродромски такси
    • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
    • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS
    • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
    • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
    • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
    • Туристичка такса

     

    • Не е вклучено

      • Влезница за Лувр 38 € , за деца до 10 години 18 €
      • Влезница за брод по Сена 18 еур (за деца до 10 години 10 €)
      • Патувањето до Версај чини 15 € ( за деца до 10 години 7 €)
      • Влезница за дворецот Версај и градините 35 € (за деца до 10 години 20 €)

       

    • Напомена

      1. 1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
      2. 2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
      3. 3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

       

      Важна информација:

      • Сите резервации за екскурзиите се закажуваат пред поаѓање
      • Има можност за резервација на трокреветна соба

 

Општи услови и информации

Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.

f