Јужна Италија -Апулија и Матера 13.03-16.03.2026

јануари 17, 2026

Јужна Италија – Апулија и Матера

Бари, Алберобело, Полинјано а Маре, Монополи, Бриндизи, Лече, Отранто, Галиполи, Таранто, Матера, Алтамура, Барлета, Трани

Термин на патување 13.03-16.03.2026

  • Локација

    АЛБЕРОБЕЛО – На 40 километри од Бари се наоѓа ова градче во областа Апулија ,изградено во стилот на традиционалната медитеранска градба, без гипс, од сув камен, стара неколку илјади години. Ѕидовите на куќите се бели, а покривите се куполи и често имаат шила (пинаколи) на врвовите. Шилците се разликуваат по форма, што било еден вид потпис на нивните градители. Исто така, на некои покриви со бела боја се исцртани разни симболи, како крст или злобно око – некои христијански, некои пагански: „Меѓутоа, нивната улога е само да ја задоволат љубопитноста на посетителите.

     

  • Програма

    1 ден

    Состанок на групата на аеродром во Скопје, 2 часа пред летот. Директен лет до Бари со авиокомпанијата Wizz Air во 16:45 ч. и пристигнување во 17:55 ч. Организиран превоз со автобус, до Алберобело и се посетуваат традиционалните куќи trulli. Патувањето продолжува кон Polignano a Mare со кратка посета. Пристигнување и сместување во хотел во Бриндизи. Ноќевање.

     

    2 ден

    Појадок. Кратка посета на Монополи со прошетка низ стариот дел на градот, замокот Carlo V – средновековна тврдина, и главната катедрала Monopoli. Потоа организиран разглед на Бриндизи со посета на Colonne Terminali – остатоци од римскиот плоштад, Castello Aragonese – средновековна тврдина, Chiesa di Santa Maria и San Giovanni – историски цркви. Продолжуваме кон Лече со посета на Basilica di Santa Croce – барокна катедрала, црквата на Св. Марија, Piazza del Duomo – главниот плоштад, статуата на Sant’Oronzo, Porta Napoli – историска градска порта, замокот и амфитеатарот. Следува посета на Отранто со Castello Aragonese – средновековна тврдина, а потоа кратка прошетка во Галиполи. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

     

    3 ден

    Појадок. Поаѓање кон Taranto со разглед на Castello Aragonese – средновековна тврдина, Taranto Cathedral – катедрала, Ponte Girevole – ротационен мост, Lungomare – шеталиште покрај морето, Rotonda и Borgo Antico – стар град. Потоа продолжуваме кон Матера со посета на Sassi di Matera – древни пештерски населби издлабени во карпи, катедралата Matera и црквите издлабени во карпи. Следува посета на Алтамура со Piazza Duomo – главниот плоштад и катедралата на градот. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

     

    4 ден

    Појадок. Поаѓање за Барлета со посета на главната катедрала, Santa Maria Maggiore – историска црква, Basilica di Santa Sepolcro и Svevo Barletta Castle – средновековна тврдина. Потоа следува посета на Трани со Trani Castle – средновековна тврдина и Basilica di San Nicola Pellegrino. Патувањето завршува со разглед на Бари, каде се посетуваат San Sabino – катедрала, Basilica di San Nicola – позната црква посветена на Св. Никола, Castello Normanno-Svevo – средновековна тврдина, и Piazza Mercantile – историски плоштад. Трансфер до аеродром, полетување во 18:30 ч. и пристигнување во Скопје во 19:40 ч.

Цена по лице : 349 Eur

 

    • Вклучено

      • Авио билет на релација Скопје – Бари – Скопје со Wizzair
      • Аеродромски такси
      • Бесплатен рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
      • 3 ноќевања со појадок според програмата.
      • Расположливост за еднокреветна соба е на барање.
      • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
      • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и пратител
      • Претставник на македонски јазик

       

    • Не е вклучено

      • Патничко осигурување
      • Индивидуални трошоци
      • Влез во туристичките знаменитости и музеи
      • Факултативни излети
      • Останати трошоци кои не се спомнати
      • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

       

    • Напомена

      1. 1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
      2. 2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
      3. 3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

       

Општи услови и информации

Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.

f