Дубаи & Арапски залив 25.01-03.02.2026

декември 6, 2025

Истражете го егзотичниот остров Сир Бани Јас, величественоста на Абу Даби и маѓепсувачката Доха. Во текот на вашето патување, разгалете се со исклучителна услуга, извонредна храна, пијалаци и забава од светска класа, плетејќи спомени кои ќе траат цел живот.

 

*25.01 / 15.02 / 01.03.2026 Поаѓање од Скопје за Дубаи со Turkish Airlines

1 ДЕН 25.01/15.02/01.03.2026 | Скопје – Истанбул

Состанок на групата 2 часа порано на аеродром Скопје. Полетување за Истанбул со TK1006 во 20:35 ч. Пристигнување во Истанбул во 00:15 часот следниот ден.

 

2 ДЕН 26.01/16.02/02.03.2026 | Истанбул – Дубаи

Полетување од Истанбул за Дубаи со TK 762 во 01:30ч. Пристигнување во Дубаи во 06:50ч. Организиран трансфер од аеродром. Посета на новиот дел од градот, плажата JBR, и трговскиот центар Souk Madinat Jumeirah. Трансфер до пристаништето во Дубаи. Чекирање на брод во дополнително договорено време. Вечера и забава на брод. Ноќевање.

 

3 ДЕН 27.01/17.02/03.03.2026 | Дубаи |Испловување во 16:00

Појадок. Дубаи нуди по нешто за сечиј вкус, од неговите блескави мега-облакодери се до традиционалните исламски корени. Слободно време за вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.

 

4 ДЕН 28.01/18.02/04.03.2026 | Сир Бани Јас |Испловување во 19:00 часот

Појадок. Пристигнување на островот Сир Бани Јас рано наутро. Тоа е најголемиот природен остров којшто се наоѓа на западниот дел од Абу Даби. Интересен по археолошките локалитети на островот или едноставно остров за уживање во прекрасните плажи и пејзажи. После ова прекрасно искуство крузерот се закотвува на пристаништето во Абу Даби. Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.

 

5 ДЕН 29.01/19.02/05.03.2026 | Абу Даби | Испловување во 17:00 часот Пристигнување во утринските часови. Појадок. Најбогатиот град во светот и главен град на ОАЕ е одлично место каде може да го искусите топлото зимско сонце додека пиете миризливо арапско кафе. Не испуштајте ја можноста да ја посетите џамијата Шеик Зајед, една од најголемите џамии во светот, музејот Лувр во Абу Даби, хотелот Емирати Палас како и пустината Ал Катим која е една од најдобрите локации за авантуристи љубители на пустински активности како што е off-road возење со 4х4 (факултативно). Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.

 

6 ДЕН 30.01/20.02/06.03.2026 | Бахреин | Испловување во 18:00 часот Пристигнување во Бахреин во 11:00ч. Појадок. Ал Манама, главниот град на Бахреин, служи како центар на трговија и култура во Персискиот Залив. Не ја пропуштајте иконската Голема џамија Ал Фатех, симбол на исламската архитектура и гостопримство. Можност за организирани факултативни екскурзии и разгледи. Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.

 

7 ДЕН 31.01/21.02/07.03.2026 Доха (Катар) | Испловување во 23:00ч. Пристигнување во Доха во 08:30 часот. Појадок. Доха ќе ве освои со автентична атмосфера и грижа за секој детал. Задолжително посетете го пазарот Souq Waqif, а доколку сакате повеќе да се задлабочите во уметноста и традицијата на овој народ, не заборавајте да го посетите и Музејот на исламските уметности (факултативно) . Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.

8 ДЕН 01.02/22.02/08.03.2026 Појадок. Целодневно крстарење.

Слободно време за уживање на крузер. Забавни програми, уживање во добра храна, базени и безброј други активности. Ноќевање.

9 ДЕН 02.02/23.02/09.03.2026 | Дубаи (ОАЕ)

Пристигнување во Дубаи во 07:00ч. Појадок. Одјавување од крузерот во дополнително одредено време. Организиран разглед на стариот град со автобус и локален водич и посета на Dubai Mall. Со организиран трансфер во попладневните часови се упатуваме кон аеродромот во Дубаи.

10 ДЕН 03.02/24.02/10.03.2026 | Дубаи – Истанбул – Скопје

Полетување од Дубаи за Истанбул со TK 761 во 02:50 часот. Пристигнување во Истанбул во 06.35 ч. Полетување за Скопје со TK1003 во 08:55 часот по локално време. Пристигнување во Скопје во 08:25 часот.

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

 Авио билети на релација Скопје – Истанбул – Дубаи – Истанбул – Скопје;

 Аеродромски такси и оброк во авион;

 Багаж 30 килограми;

 Сместување во внатрешна кабина, можност за доплата за друг тип на кабина;

 Повратен трансфер од аеродром Дубаи до пристаниште ;

 Вклучени пристанишни такси 199 еур;

 Бакшиш вклучен во цената;

 Забава на брод со најразлични активности, анимации ;

 Полн пансион со вклучени безалкохолни пијалаци за време на оброците;

 Секојдневна програма – распоред за оброците и активностите на бродот;  Основен Wi-Fi интернет

 Претставник од Агенцијата за време на целото  патување (доколку се оформи група над 30 патници).

 

Во цената не е вклучено:

 Медицински услуги ;

 Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот и сл.;

 Услуги во спа центарот и услуги за убавина;

 Патничко осигурување;

 Факултативни излети;

 

Важна напомена:

 Цената важи за резервации направени до 30.11.2025!

 Можност за сместување во надворешна кабина по цена од 1.199€.

 Чекирањето на бродот е од 13:00 – 17:00h по локално време;

 За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци;

 Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место;

 Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето;

 За резервација задолжителна е уплата од 50 % депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето;

 За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.