Тенерифе 25.12-28.12.2025

октомври 9, 2025

КАНАРСКИ ОСТРОВИ – ТЕНЕРИФЕ

📅 25 – 28 Декември 2025

✈️ Лет од Тирана со трансфер од Скопје

Промо цена за резервации до 15.11.2025  699 евра по лице 

Редовна цена 759 евра 

Овој декември ве водиме на најголемиот и најпопуларниот од Канарските Острови – Тенерифе, познат како „Остров на вечната пролет“. Со своите сончеви плажи, спектакуларни вулкански пејзажи и шармантни стари градови, Тенерифе нуди совршена комбинација од релаксација и авантура.

Придружете ни се на едно незаборавно патување каде што ќе уживате во убавината на Атлантикот, ќе истражувате културни знаменитости, ќе се возите со жичара до врвот на вулканот Теиде и можеби ќе се сретнете со китови и делфини на отворено море. Тенерифе е место каде секој момент станува незаборавен спомен.

Ден 1 – 25 Декември (Четврток)

Собир на групата во раните утрински часови од пред Дрводекор во Скопје и поаѓање  кон аеродромот во Тирана. Можност за трансфер од Битола, Прилеп и Велес.Патувањето трае околу четири до пет часа, со кратка пауза за освежување и кафе. По пристигнувањето на аеродромот, следува подготовка за летот **Wizz Air W4 5159** кој полетува во 13:55 часот. Пристигнување на Тенерифе во 18:20 и трансфер до хотелот, каде што групата се сместува. Првото запознавање со островот  и кратка прошетка низ околината го означуваат почетокот на незаборавното патување.

Ден 2 – 26 Декември (Петок)

Појадок во хотелот и почеток на факултативната тура кон северниот дел на островот. Првиот дел од денот е посветен на историскиот град Сан Кристобал де Ла Лагуна, кој се наоѓа под заштита на UNESCO. Улиците со колонијална архитектура, плоштадите и локалните кафеи нудат уникатна атмосфера за прошетка и фотографии. Попладне продолжуваме кон модерната престолнина Санта Круз де Тенерифе, каде што групата има слободно време за прошетка, разглед на архитектонските знаменитости и шопинг. Враќање во хотелот во вечерните часови, и можност за вечера во локалните ресторани.

Ден 3 – 27 Декември (Сабота)

Појадок и полнење со енергија за уште еден незаборавен ден. Факултативниот излет води до Националниот парк Теиде, кој е дом на највисокиот врв на Шпанија и спектакуларни вулкански пејзажи. Групата ужива во возбудливи панорами и можност за искачување со жичара до врвот, каде што погледот го одзема здивот. Попладне е резервирано за релаксација и уште едно уникатно доживување – бродска тура по океанот со набљудување китови и делфини во нивната природна средина, што создава незаборавни спомени за сите учесници. Ноќевање.

Ден 4 – 28 Декември (Недела)

Појадок и одјава од хотелот означуваат почеток на патот назад кон дома. Следува трансфер до аеродромот и подготовка за повратниот лет **Wizz Air W4 5160**, кој поаѓа од Тенерифе во 17:45 и пристигнува во Тирана во 00:05 часот. По слетувањето, групата продолжува со организиран автобуски превоз до Скопје, каде што патувањето завршува во утринските часови следниот ден со многу убави спомени од сончевите Канарски Острови.

Факултативни излети (се пријавуваат во агенција при резервација и најдоцна до 20 дена до пред поаѓање)

1.Дневната тура кон северниот дел на островот вклучува посета на Ла Лагуна и Санта Круз со разглед на градските знаменитости и шопинг со локален водич.

2.Националниот парк Теиде, каде што вулканските пејзажи и панорамските погледи создаваат незаборавни спомени со локален водич

3.Крстарење по Атлантикот и набљудување китови и делфини нудат уникатна можност за уживање и создавање незаборавни фотографии

4.Посета на локални вински визби со дегустација на вина

 

Во цената е вклучено:

-трансфер од Скопје до Тирана и назад ( можност за трансфер од Велес, Прилеп , Битола)

-авионски билет Тирана – Тенерифе – Тирана рачен багаж 10кг

-3 ноќевања во хотел 3* на база појадок

-трансфери на аеродромот во Тенерифе

-придружник од агенцијата кој ќе ја води групата низ целото патување.

 

Во цената не е вклучено:

Факултативни излети:

1.Северен Тенерифе и Ла Лагуна (UNESCO град + престолнината Санта Круз)-60 евра

2.Национален парк Теиде (вулкан и панорамски погледи)-85 евра

3.Крстарење со вкучени пијалоци и јадење – 55 евра

4.Посета на локални вински визби со дегустација-28 евра

***дополнителен чекиран багаж ( на барање ) цената е променлива на дневно ниво, проверка во агенција

***туристичката такса која се плаќа на лице место

***патничкото здравствено осигурување

***доплата за еднокреветна соба 70%

 

– За ова патување потребно е да се поседува валиден биометриски пасош. Патниците се запознаени со регулативата за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024

– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 15 дена пред датумот на тргнување.

ј