Пулија 10.12 – 14.12.2025

септември 13, 2025

 

РОМАНТИЧНА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА ВО ПУЛИЈА

  БАРИ – МАТЕРА – АЛБЕРОБЕЛО – ЛОКОРОТОНДО

 

(10.12.2025-14.12.2025)

 

 

Едно од најубавите села во цела Италија сместено во срцето на Пулија, скриен бисер кој трпеливо чека да биде откриен во пресрет на Божиќните празници кога се` е волшебно Локоротондо, шармантно романтично село каде белиот камен во комбинација со зелените растенија и златните и црвени декорации прави неверојатен колоритен контраст…  Но претходно; најпрво ќе уживаме во божиќниот шарм на Бари-градот на Свети Никола или на Дедо Мраз иво Матера, местото што не` очекува со своите светла, бои, мирисии традиции за да ни подари магични моменти…Оваа година го откриваме автентичниот Божиќ во Пулиа!

 

 

Прв ден: 10.12.2025 (среда)– Скопје-Истанбул-Бари

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06.30 часот. Полетување кон Истанбул во 08.40 часот, слетување во 12.15 часот по локално време. Летот за Бари е во 19.30 часот, пристигнување во 19.30 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Boston“ 4* лоциран во самиот центар на градот (https://www.bostonbari.it/bleisure-hotel-bari/#hotel ). Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 11.12.2025 (четврток)-Бари

 

Појадок. Денеска ја започнуваме нашата божиќна приказна со Бари, градот што го карактеризираат високи ѕидини кои имале за цел да го штитат од ветровите. Ќе зачекориме низ тесните улици и белите згради со специфични балкони од железо од каде соседите си разговараат меѓу себе -доказ дека Бари е град полн со живот, а не само туристичка атракција. Божиќната авантура ќе ја почувствуваме во одушевувачкиот Palazzo Simi истражувајќи древни реликвии во срцето на византиската и романтичната архитектура. Продолжуваме кон импресивната катедрала San Sabino осветлена со мекиот сјај на божиќните светилки кои ја истакнуваат нејзината величествена убавина, а ќе ја посетиме и Bazilika di San Nicola, големиот Храм изграден во 11 век каде се чуваат моштите на Свети Никола, заштитникот на патниците, морнарите и на децата. Покрај религиозното значење, Бари е познат и по својата гастрономија – овде ќе имаме можност да пробаме автентични специјалитети – пасти, пршути, риба и плодови од морето… Градскиот пејзаж го красни модерниот дел на градот со широки плоштади, елегантни бутици и модерна архитектура. Овој контраст меѓу старото и новото му дава на Бари посебен шарм и динамика. По организираниот разглед, слободно попладне за индивидуални прошетки и активности во градот кој веќе живее во празнична атмосфера. За Божиќ, улиците на Бари се трансформираат во волшебни сценарија: светлата – симбол на топлина и добредојде шират силно чувство на заедница и споделена прослава. Оваа светлосна претстава, со празнични живи бои ги обвиткува излозите на улиците и сите околни области, создавајќи магична и радосна атмосфера. Извонредната локација на хотелот во кој сме сместени ќе ни овозможи целосно да уживаме во оваа убавина. Ноќевање.

 

Трети ден: 12.12.2025 (петок)-Бари-Матера

 

Појадок. Организиран трансфер со автобус кон Матера, прекрасното место под заштита на Унеско, редок бисер на Базиликата, волшебно чудо на времето. Посетата на овој  град е како повторно да се доживува славното минато. Наликува на мала и прекрасна сцена на раѓањето на Исус Христос, поради што е познат како „вториот Витлеем“, обезбедувајќи позадина за филмови како што се „Евангелието според Свети Матеј“ и „Страдањето на Христос“… Симболот на градот се „Саси“, пештери ископани во планината каде што живееле мештаните сè додека не биле принудени да се населат во модерни сместувачки капацитети во 1950-тите.  Занемарени со години, Сасите од Матера влегле во списокот на светското наследство како пример за вековен начин на живот што треба да се зачува и да се пренесе на потомството,  бидејќи Матера е восхитувачки пример за одржлив начин на живот. По организираниот разглед, слободно време за индивидуални прошетки низ божиќното село во Матера кое ќе не` пречека со своите светла, бои, мириси и традиции за да ни подари магичени моменти. Бројни штандови ќе го преплават прекрасниот историски центар на Città dei Sassi за да им приредат на сите посетители единствена божиќна атмосфера. Покрај божиќните тезги со типични традиционални производи, ракотворби и идеи за подароци, се најавуваат и други бројни претстави со баскери, куклени театри ,патувачки музичари, гајдаџии…Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Бари. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 13.12.2025  (сабота)-Алберобело-Локоротондо

 

Појадок. Денеска се упатуваме кон двете најубави села во Пулиа-Алберобело и Локоротондо. Алберобело со своите карактеристични куќи „Trulli“ со конусни кровови секоја година за Божиќ се трансформира во место од бајките благодарение на извонредната убавина на светлата што го красат селото и претставуваат вистински спектакл од топлина и бои. Всушност, секој агол од селото е празнично украсен, овозможувајќи им на посетителите да бидете опкружени со единствена божиќна атмосфера каква што само Алберобело може да понуди. Освен овие ефекти, мирисите и гастрономските традиции на Пулија го прават ова искуството уште поспецијално: дрвени куќички, палачинки, панцероти, локални производи и типични слатки ќе ја направат атмосферата извонредно магична. По прошетките низ ова место, се упатуваме кон Локороконто,  шармантно и бајковито село кое често се опишува како едно од најубавите во цела Италија и е совршена дестинација за секој што сака да доживее автентична италијанска божиќна атмосфера. Бунт од божиќни светла и украси ги осветлува улиците и сокаците на Локоротондо, прекрасно кружно село во долината Итрија, исполнето секоја година со туристи и жители на Пулија, привлечна дестинација за оние кои бараат магично божиќно искуство меѓу живописни улици што го обвиткуваат секој агол од ова село. Снежно бели куќи украсени со цветни балкони и прекрасен поглед кон долината Itria; Locorotondo со својата убавина и едноставност го восхитува секој посетител. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме назад во хотело во Бари. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 14.12.2025  (недела)-Бари-Истанбул-Скопје

 

Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Бари. Полетување кон Истанбул во 09.35 часот, слетување во 13.45. Летот за Скопје е во 20.15 часот по локално време, пристигнување во Скопје е во 19.45.

 

 

Промотивна цена за уплата до 19.09.2025…….. 799 евра (49.540 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………859 евра (53.260 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет Скопје- Истанбул-Бари-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 4 ноќевања со појадок во хотел 4 * во Бари

• Лиценциран туристички водич

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

• Доплата за еднокреветна соба – 140 евра

• Туристичка такса- 8 евра за сите ноќевања (се плаќа во агенцијата)

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на рецервација е неопходна задолжителна уплата од 300 евра (18.600 денари) најдоцна до 19.септември. Целосна доплата на аранжманот до 10.11.2025

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

АТ