Париз 06.12-09.12.2025

октомври 9, 2025

         06.12. – 09.12.2025

Париз, градот на светлината… или нешто многу повеќе. Имајќи ја сета своја историја, архитектура, уметност, култура и живот кој плени со својата динамичност и космополитност, како ретко кој град на светот го зазема своето место во срцето на секој негов посетител… Париз ги напаѓа сите сетила и бара да го видите, слушнете, допрете, вкусите, помирисате… Видете ги импресивните споменици и вкусете ги: пикантно француско сирење, чоколаден мус, црвено вино… Mожеби најмногу ќе ви се допадне готската градба на познатата катедрала Notre Dame, а за оние кои претпочитаат помалку раскош и чисти линии, Триумфалната Капија… Од секоја пора на градот извира една карактеристична глетка: импозантната Ајфелова кула која, секако, е симболот на Париз.

1ден / 06.12 (сабота)  СКОПЈЕ  – БУВЕ – ПАРИЗ  Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Париз со WIZZ AIR во 06:00 часот. Слетување на аеродромот “Beauvais” во 09:05 часот. Организиран превоз  до Париз. Пристигнување и сместување во хотел. следува организиран панорамски разглед на Париз (пешачка тура + метро) низ најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Можност за посета на Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint Germain, Sorbonne, Пантеон, Луксембуршката палата, продолжуваме кон , Vendome , Операта и Gallery La Fayette.  По разгледот можност за факултивна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр , кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Во него се наоѓаат околу  65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Слободно време за индивидуални активности.  Во вечерните враќање во хотел. Ноќевање.

2ден / 07.12 (недела)  ПАРИЗ  –  АЈФЕЛОВА КУЛА  –  САКРЕ КЕР                                                                       Појадок. По појадокот организирана  целодневна прошетка  со локален превоз  до Трокадеро, посета на Ајфеловата кула. По посетата на Ајфеловата кула можност за крстарење  по Сена,  со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Прошетката продолжува кон Марсовите полиња, Домот на инвалидите, преку мостот на Александар Невски продолжуваме кон Елисејските полиња до Триумфалната капија.. Вечерна  прошетката продолжува до Монмартр , посета на  базиликата Sacre Coeur (Светото срце) , од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз, прошетка по плоштадот на уметниците, славниот кабаре бар Moulin Rouge и плоштадот Пигал.  Враќање назад кон хотел со локален превоз. Ноќевање.

3ден / 08.12 (понеделник)   ПАРИЗ – ВЕРСАЈ

По појадокот предлагаме целодневна посета на величенствениот дворец Версај со локален превоз, изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек дело на уметноста од 17-ти век, во разгледот не се вклучени  градините. Враќање назад кон хотел со локален превоз. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4ден / 09.12 (вторник )   ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Одјавување на собите. Зимаме ланч пакети, спакувани, тргнување кон аеродромот со организиран трансфер во 06;00 наутро. Полетување за Скопје во 09:40 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 12:25 часот.

Цена за рана уплата со вклучени аеродромски такси    –  449 еур    до 15.11.2025

 Редовна цена со вклучени аеродромски такси  –    549 еур

Во цената на аранжманот е вклучено:                                                                                                                                     

директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со Wizz air;                                                                                                    
мала кабинска торба (40x30x20cm);                                                                                                                                   организиран превоз:  аеродром – хотел – аеродром;                                                                                                        

сместување во Хотел 3* на база 3 ноќевање со појадок;                                    организиранизација на аранжманот и придружник на патувањето                                                                    

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:                                                                                                                 

Туристичка такса – 5.2 € од ноќ по лице (се плаќа во агенција);
Пешачки разглед со локален водич – 20 €; (се плаќа во агенција);

Посета на Версај – 80 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер ;

Крстарење со брод по Сена – 25 €; (се плаќа во агенција);

Посета на Лувр – 65 € (вклучена влезница+ пратител на групата) (се плаќа во агенција);

Влезница за Ајфелова Кула (на лице место) индивидуално – информативни цени – до втор кат – 28 €,
до трет кат – 40 € (со лифт);                                                    

Напомени:

  • За реализација на аранжманот како и факултативите  е потребен минимум од 15патници.
  • Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање

NO