Куршумлиска бања 12.12 – 14.12.2025

ноември 25, 2025
ВИКЕНД 12.12.-14.12. ВО КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
НА ВАШЕ БАРАЊЕ ПУШТЕН Е ПЛУС ДОПОЛНИТЕЛЕН ТЕРМИН ЗА УЖИВАЊЕ ВО ВАШАТА ОМИЛЕНА БАЊА
 
ХОТЕЛ ПЛАНИНКА 4*

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 € / 12.960 мкд

ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 01.12: 189 € / 11.720 мкд

ПРВ ДЕН – 12.12.2025 (ПЕТОК) СКОПЈЕ-КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности. Пристигнување во Куршумлијска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот.
Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН – 13.12.2025 (САБОТА) КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 14.12.2025 (НЕДЕЛА) КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – СКОПЈЕ 
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време  за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.30часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз на наведената релација.
– Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса
– Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
– Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
– Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
– Туристичка такса
– Организиран превоз Кочани, Штип, Велес и Куманово

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Задолжително патничко осигурување.
– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете до 6.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет- бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170мкд
– Дете 7-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло-50% попуст
– Доплата за сместување во Апартман -20еур/ 1.240ден по лице за две ноќевања (на барање)
– Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник

**Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 11.99г. или 2 возрасни+1 дете до 11.99 +1дете до 2.99г.)

НАПОМЕНИ:

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.

ST