Кипар за Нова Година
4 ноќевања со појадок во хотел Kapetanios Limassol Hotel 3*
30/12/2025 03/01/2026
КИПАР – посетете го островот богат со историја и култура, полн со прекрасни локалитети кои само чекаат да бидат откриени.
Ден 1
Tuesday
Tuesday
30.12.2025 /вторник/
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 саати пред лет. Полетување за Ларнака во 20:15 ч. Слетување во 23:25 ч. После пасошки и царински формалности , следува трансфер до хотел.Сместување. Ноќевање.
Ден 2
Wednesday
Wednesday
31.12.2025 /среда/
Појадок. По појадокот можност за целодневна факултативна посета на Никозија и Лефкара. Цена – 65 евра за возрасен, 55 евра за дете од 2-12 г. /минимум 15 пријавени/, со водич на англиски јазик, со вклучени влезници, без ручек. Ќе ја посетите катедралата „Свети Јован“ од 17 век, ќе ја видите „зелената линија“ што го дели градот на турски и грчки дел, ќе имате слободно време во Laiki Yitonia – древниот пешачки дел од градот, прошаран со многу продавници за сувенири, ресторани и кафулиња. Ќе го посетиме музејот Левентис и ќе се упатиме кон за Лефкара – живописно село, познато по изработка на сребрен накит и фина чипка.Враќање назад во хотел. Одмор до вечерниот дочек на Нова Година. Ноќевање.
Ден 3
Thursday
Thursday
01.01.2026 /четврток/
Среќна Нова Година!Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки во Лимасол. Ноќевање.
Ден 4
Friday
Friday
02.01.2026 /петок/
Појадок. Можност за целодневна екскурзија до Пафос и Курион. Цена – 70 евра по возрасен, 63 евра по дете од 2-12 години /минимум 15 лица/, со водич на англиски јазик, влезници се вклучени, ручекот не е вклучен. Ќе го посетите Курион – античкиот град-држава од 2 век п.н.е., величествен грчко-римски театар, кој денес се користи за музички и театарски претстави. Следува посета на Пафос, археолошките локалитети на Пафос – столбот на Свети Павле, пристаништето на Пафос, мозаиците кои датираат од 3-5 век од н.е. Слободно време околу пристаништето. Во договорено време враќање назад во хотел.Ноќевање.
Ден 5
Saturday
Saturday
03.01.2026/сабота/
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки.Организиран трансфер до аеродромот во Ларнака. Полетување за Скопје во 18:15 часот. Слетување во Скопје во 19:40 ч
Дополнителни информации
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 €
РЕДОВНА ЦЕНА : 569€
Што е вклучено во цената
- 4 ноќевања со појадок во хотел Kapetanios Limassol Hotel 3*
- Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
- Организирани трансфери: Аеродром Ларнака – Лимасол – аеродром Ларнака
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Туристичка такса 2 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција;
- Доплата за еднокреветна соба 90 Еур.
- Патничко осигурување;
- Билети за јавен превоз
ФАКУЛТАТИВИ
- Факултативна посета на Никозија и Лефкара – 65 € возрасен/55€ дете;
- Факултативна посета до Пафос и Курион – 70 € возрасен/ 63 € дете;
Задолжително минимум една факултатива – пријавување во агенција.Минимум за реализација 15 пријавени.
Општи напомени :;
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
- атл