БУДИМПЕШТА – Убавицата на Дунав, формирана од двата града Будим и Пешта, со впечатлива архитектура и уште повпечатливиот танц на Унгарската “Чарда“ и најромантичното крстарење под мостовите на Дунав… Виена-некогашен главен град на Австро – Унгарската Монархија, посетен од милиони туристи поради многубројните културно историски споменици, дворци (Белведере, Шенбрун), светска музичка престолнина – град во кој живееле композиторите Моцарт, Бетовен…
Прв ден: 05.12.2025 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Поаѓање во 17.00ч од Скопје од договореното место. Патување преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности..
Втор ден: 06.12.2025 БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Разгледување на Будимпешта со локален водич и тоа: Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарска Тврдина и др. Пешта, Плоштадот на хероите,Градскиот парк, улиците Андраши и Ракочи, Црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав… Слободно време за кратка прошетка низ центарот на градот по пешачката зона на улицата Ваци. Сместување во хотел.Слободно попладне. Факултативно крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.
Трет ден: 07.12.2025 БУДИМПЕШТА-ВИЕНА
Појадок. По појадокот факултативен целодневен излет до Виена. Разгледување на градот со локален водич , Плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедралата Св. Стефан, дворците Белведере и Шенбрун. Слободно време во центарот на Виена. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.
Четврти ден: 08.12.2025 БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СЕГЕДИН
Појадок.Одјава од хотел.Факултативно заминување кон Сент Андреа разглед на знаменитости, слободно време Потоа се упатуваме кон Сегедин кратка прошетка слободно време.Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
Петти ден: 09.12.2025 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 149€
***со пријава на пакет екскурзии од 85€ (редовна цена 95€)
РЕДОВНА ЦЕНА: 179€ без пакети
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената е вклучено:
-Автобуски превоз на дадената релација (Организиран трансфер од Кавадарци, Неготино, Штип)
-Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Будимпешта
-Посета на Сегедин
-Организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
-Задолжителна туристичка такса 5€ по лице за 2ноќи (се плаќа во агенција)
-Панорамски разглед на Будимпешта со локален водич – 15€
-Крстарење со брод по Дунав со локален водич – 25€
-Целодневен излет до Виена и разгледување со локален водич – 40€
-Посета на Сент Андреа со локален водич 15€ (задолжително)
-Задолжително патничко и здравствено осигурување
-Влезници за културно историските споменици
-Доплата за еднокреветна соба 70€
Важни напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
WA