Бари – Алберобело – Пулија 31.12.2025 – 02.01.2026

октомври 30, 2025

Бари – Алберобело – Пулија  НОВА ГОДИНА 2026

31.12  –  02.01 2 ноќи / 3 дена

ПРОГРАМА

Ден 1 – 31.12 (Среда ) | СКОПЈЕ – БАРИ

Состанок на групата во 14:30 на Скопскиот аеродром. Пристигнуваме во шармантниот град Бари – срцето на регионот Пулија. По трансферот до хотел и сместување, ќе направиме  индувидуална вечерна прошетка низ Бари Векија – старото градско јадро. Ќе ги видиме калдрмисаните улички, локалните жени кои сè уште рачно подготвуваат тестенини пред вратите на своите куќи и полека се спремаме за  новогодишната ноќ, каде улиците на стариот дел на градот оживуваат со музика, светла и насмевки. Главниот плоштад се претвора во голема сцена со настапи на живи бендови, диџеи и спектакуларен огномет над морето.

Додека одбројуваме до полноќ, уживајте во вистинска италијанска атмосфера со шампањ, локални специјалитети и празничен дух кој се чувствува на секој чекор. По полноќ, забавата продолжува во барови и клубови, каде што мештаните и туристите заедно ја слават новата година до раните утрински часови. Ноќевање

Ден 2 – 01.01 (Сабота) | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – БАРИ & АЛБЕРОБЕЛО

Појадок. Денот е резервиран за откривање на две од најиконичните места во Пулија:Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви – светско наследство на УНЕСКО,  како и Бари, главниот град на областа Пулија.
Разглед на градот со локален водич ке прошетаме кај  Базиликата на Свети НиколаКатедралата Сан Сабиностариот дел на градот Bari Vecchia со неговите тесни улички и локална атмосфера, замокот Свевоелегантниот театар Петруцели, прошетката покрај морето на Lungomare Nazario Sauro, како и живите пазари и плоштади исполнети со медитерански шарм и уметнички дух. Слободно време за кафе, ручек, или прошетка по центарот на Бари.

Попладне продолжување кон  Алберобело е волшебно гратче во регионот Апулија, познато по своите уникатни камени куќички со конусни покриви – трули, кои се под заштита на УНЕСКО. Ова бајковито место со белите ѕидови и калдрмисани улички нуди автентична италијанска атмосфера и е едно од најживописните села во јужна Италија. Слободно време.Врачање во Хотел. Ноќевање.

Ден 3 – 02.01 (Недела) | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОЛИЊАНО А МАРЕ – СКОПЈЕ

Појадок.Полинјано а Маре, прогласен за најгостопримлив град во светот (2023). Посета на историскиот центар преку Арко Марчезале од 16 век, црквата „Дева Марија од Успение“, прошетка низ еврејскиот кварт и дегустација на локални специјалитети.Враќање во Бари.

Слободно време пред заминување за Скопје

Трансфер до аеродромот во 15ч30. Полетување кон Скопје во 18ч30.

Летови:

31.12.2025 | Скопје (16:45) → Бари (17:55)

02.01.2025 | Бари (18:30) → Скопје (19:40)

Цена по лице 399 евра

Факултативни излети:

1. АРБЕЛОБЕЛО & БАРИ

– Траење: целодневна тура

– Вклучува: превоз, придружник/локален водич, слободно време за разглед

ЦЕНА 70 ЕВРА

2. ПОЛИЊАНО А МАРЕ

– Траење: полудневна  тура

– Вклучува: превоз, придружник/ ЛОКАЛЕН водич,

ЦЕНА 60 ЕВРА

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 110 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

📌 Во цената е вклучено:

– Авионски билет Скопје – Бари – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 10кг

– Аеродромски такси

– Превоз аеродром – хотел – аеродром

– 2 ноќевања во хотел во Бари со појадок

– Организација и придружник

📌 Во цената не е вклучено:

– Факултативни излети

-Trullo Sovrano во  Alberobello: € 3.00 по лице (,се плаќа на лице место)

– Туристичка такса

НАПОМЕНИ:

–          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

–          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

–          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

–          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 15 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 14 дена пред поаѓање

–          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето

–          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место.

NO