Вила “Moderno” – Скијатос
Вила Moderno се наоѓа во самиот центар на островот. Вилата располага со 4 модерно уредени студиа, а секое студио има свој тоалет, тераса и мини кујна. Сите соби се наоѓаат на приземје.
| “Moderno” Скиjатос |
термин | МАЈ | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||||||||||||
| 22 | 29 | 05 | 12 | 19 | 26 | 03 | 10 | 17 | 24 | 31 | 07 | 14 | 21 | 28 | 04 | 11 | 18 | 25 | ||
| бр. ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | |
| 1/2 и 1/3 студио | 168 | 158 | 194 | 238 | 273 | 321 | 374 | 400 | 400 | 400 | 400 | 400 | 400 | 400 | 352 | 290 | 229 | 176 | 167 | |
| ПРОМО цени | 129 | 139 | 170 | 209 | 240 | 283 | 329 | 352 | 352 | 352 | 352 | 352 | 352 | 352 | 310 | 256 | 201 | 155 | 147 | |
Во цената на аранжманот е вклучено:
– 7 ноќи – 8 дена во вила Moderno;
– Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија;
– Туристички пратител за време на патувањето;
– Претставник од агенција за време на престојот;
– Цените се изразени по лице за 7 ноќевања.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Траект на релација: Волос-Скијатос-Волос се плаќа во автобус 46€ по лице;
– Патничко осигурување;
– Користење на клима (не е задолжително) 7€ од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето;
– Секој патник седи во автобус според бројот на уплата;
– Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите;
– Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице;
– Факултативни излети.
Напомена:
За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
За споен термин се сметат две суми од промо цените.
За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +50% од редовната цена
За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат.
За споен термин се одбива 15€ за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда. Четврток е првото ноќевање.
Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
За резервација, задолжителна уплата од минимум 30%.
Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време / Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
Цените се изразени во евра, уплатата е во денарска противредност 1€ = 62мкд.
Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 09:00ч по локално време.
Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
ME






