2 ден: 1.1.2026 год.
Појадок. После појадокот заминување на факултативен излет до Литохоро и Катерини. Посета и разгледување на новиот манастир Св. Дионисиј и местото Литохоро под падините на планината Олимп. Се продолжува за Катерини – живописен град на областа Пиерија и е познат на нашите туристи кои летуваат на брегот на Олимписката ривиера. Богатите зелени површини, паркови, фонтани и водопади му даваат посебен шарм на ова интересно место во подножјето на митската планина Олимп. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Паралија. Ноќевање.
3 ден: 2.1.2026 год.
Појадок. По појадокот заминување за Воден и посета на водопадите. Воден или Едеса во превод би значело „Кула на вода“ е веројатно единствениот град на свет каде водопадите се многу блиску до центарот на градот.
Ги има седум, а главна атракција е најголемиот Каранос, висок 70 метри именуван во чест на првиот антички македонски крал.
Слободно време за прошетка по прекрасните патеки исполнети со зеленило и вода.
Попладне заминување за Македонија со посета на freeshop Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Крај на аранжманот Солун нова година 2026.
AR
