Rimska Banja 4* Село Бања

октомври 17, 2024

Период 09.03 – 31.07.2025 г.

Важно : Дополнителниот кревет во фамилијарна соба, студио и апартман со 1 спална е софа

Дополнителен кревет во двокреветна соба е фотелја на расклопување. Цените за викенд (петок и сабота) важат за престој од 2 или повеќе ноќевања.

За време на училишните празници и државните празници, важат цените за викенд.

Деца до 3,99 г. се сместуваат бесплатно на дополнително легло. Деца до 11,99 г. во редовно легло плаќаат цена на возрасен. Деца под 11,99 г. не добиваат бањарка.

Пријавувањето е по 14:00 часот, одјавувањето до 12:00 часот Рано пријавување. предмет на достапни соби. Пријавување од 08 – 14:00 часот 50% од цената за ноќевање, за сместување пред 8.00 се плаќа цена за цела ноќ. Доцна ослободување. Предмет на достапни соби. Одјавување од 12 – 18.00 часот 50% од цената на ноќевање. По 18.00 се доплаќа цела ноќ. Топки, тениски рекети и тениска машина – според ценовникот на хотелот

На местото на една од римските терми многу години подоцна е изградено селото Бања.
Хотелот Римска бања 4* користи лековита минерална вода од извори со температура од 58º.
Базени:
Два базени 400м3 и 600м3 со минерална вода со температура – +36°C и +32°C
Сауни:
Солена сауна и био сауна.
Во зима (во сезона) има обезбеден бесплатен превоз до/од гондолата во Банско.
Амам (турска бања)
Температурата во амамот е околу + 40 °C.
Римска бања:
Влажноста во римската бања достигнува 100% и температурата е 45-48 °C.
Јапонска бања
Дрвено буре со температура 45 и 36-38 °С, и буре со температура на водата од + 8 до + 12°С .
Ледена соба
За овај третман се користи планинска вода.

Хотелот има 88 соби, 5 еднокреветни, 53 двокреветни соби, 2 студија, 19 апартмани стандард и 9 апартмани лукс.
Минерална вода тече во чешмата и тушот во тоалетите.

АПАРТМАНИ ЛУКС
Дневна соба + две спални
Спална соба со брачен и спална соба со два разделени кревети.
СТУДИО
Голема светла соба за оние кои сакаат сонце и просторност..
На барање, дополнително легло за спиење – софа.
АПАРТМАНИ СТАНДАРД
Апартман со една спална соба, поглед на Пирин и Рила, шумата или селото Бања.
Апартманите имаат спална и дневна соба и мала тераса со маса и столчиња.
На барање, дополнително легло за спиење – софа.
ДВОКРЕВЕТНА СОБА
Една просторија, повеќето од собите се со тераси со маса и столици.
На барање, дополнително легло за спиење – софа.
ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА
Една просторија, три од собите имаат балкони со маса и столчиња

Дополнителен кревет е софа или фотелја.
Цените не важат за време на училишни празници и државни празници.

Цените се по ноќевање за соодветната соба и вклучуваат:
Ноќевање;
Појадок на шведска маса;
Вечера на шведска маса или сет мени без пијалоци;
Користење на термалeн спа центар:
два затворени базени со минерална вода со температура на водата од +31°C и +35°C;
џакузи, сауна, парна бања, турска и јапонска бања, ледена соба, фитнес, соба за релаксација;
Користење комбинирано спортско игралиште (тенис, одбојка, кошарка, фудбал);
Безжичен интернет низ целиот хотел;
Сеф за лаптоп во секоја соба;
Корпа за бебиња во собата и детски столчиња за бебиња во ресторанот (на барање);
Паркинг со видео надзор; (не е чуван)
Транспорт до и од почетната станица на лифтот за време на скијачката сезона;
Туристичка такса и ДДВ.

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Превоз
Пијалоци за време на оброците
Неспомнати услуги