Уникатните карпести формации и пејзажот – Пејзажот на Кападокија бил формиран од вулканска ерозија пред околу 60 милиони години. Густата пепел се зацврстила во мека карпа, наречена туф, а со текот на времето карпите од туф еродирале со ветер и вода, создавајќи ги иконските денес познати “самовилски оџаци”. Овде ќе може да се воодушевувате на креациите кои ги направиле ерозијата, ветерот и водата.
Земја на прекрасни коњи – Името Кападокија потекнува од персискиот збор Katpaktukya, што значи „земја на прекрасни коњи“, бидејќи во античко време регионот бил познат по својата понуда на коњи. Коњите се сè уште важни за локалното население кое Кападокија го нарекува дом и тие исто така нудат алтернативен начин на транспорт за посетителите.
Најдобар поглед за летање со балон – За најдобар поглед на регионот во сета негова слава, земете лет со балон на топол воздух низ небото на Кападокија. Од воздух, топографијата во регионот ја нуди една од најнезаборавните глетки. Не е ни чудо што балонот со топол воздух во Кападокија привлекува повеќе од милион туристи годишно. Над 100 балони со топол воздух излетуваат на небото во текот на утрото, што е спектакуларна глетка.
Подземни градови – Под извонредниот пејзаж на Кападокија се кријат над 50 подземни градови, некои поврзани со мрежа од тунели. Овие подземни градови биле врежани во меките вулкански карпи пред илјадници години и биле домаќини на различни жители низ годините. Некои од нив се протегаат до осум нивоа во земјата. Интересен факт за овие градови е тоа што ги содржеле се што било потребно за нормален живот на тогаѓното население и за нормално секојдневие. Многумина се отворени за посетители, меѓутоа, голем дел од земјиштето во областа е приватна сопственост.
Резбаните цркви – Кападокија има околу 600 цркви издлабени од меката кападокиска карпа од средновековно време и прикажуваат убаво насликани фрески, кои задржале неверојатна количина на боја и детали низ вековите, а веројатно многу други кои сè уште не се откриени. Капелите биле врежани во меката кападокиска карпа од монасите во темните времиња, а некои од нив ги задржале своите оригинални импресивни фрески со неверојатни детали. Сепак, некои од сликите се оштетени од голема ерозија и суеверни локални жители кои ги изгребале очите на некои од фигурите поради страв од Зло око. Најпосетуваните цркви се наоѓаат во Музејот на отворено Гореме, додека други се во Зелве, долината на розите и Црвената долина.
Светско наследство на УНЕСКО – Поради огромното влијание што човекот го има врз пејзажот на Кападокија, одредени делови од регионот се светско наследство на УНЕСКО. Тука спаѓа и Музејот на отворено Гореме, кој е најпосетуваниот дел од Кападокија. Музејот, карпестите места на Кападокија беа прогласени за светско наследство на УНЕСКО во 1985 година. Сите споменати локалитети се места со извонредна универзална вредност бидејќи даваат докази за византиската уметност и се дом на остатоците од античко човечко живеалиште кое датира од 4 век.
Вино во Кападокија – Поради вулканскиот туф, овој регион е голем производител на грозје со долга винарска историја. Оваа традиција ја прави Кападокија омилена дестинација за љубителите на виното. Значајните винарии во областа ги вклучуваат Кочабаг, Турасан, Кападокја и Сенол, и секоја од нив произведува различни видови вина. Регионот е извор на популарни брендови на црвено вино и бело вино што посетителите можат да го пробаат во многуте продавници за дегустација на вино. Постојат голем број продавници за дегустација на вино каде што посетителите можат да ги пробаат производите и во последниве години вината од регионот освоија меѓународни награди.
Уникатни сместувачки капацитети – Cave Boutique Hotels – Уникатно во Кападокија се таканаречените Cave Boutique Hotels – хотели изградени во вулкански карпи, уникатно искуство кое ретко каде може да се доживее на друго место! Ако барате необично и незаборавно искуство за одмор, размислете за престој во еден од овие хотели во карпите на Кападокија. Тоа не е само бајковито царство над земја, ќе најдете убавина скриена под неа, која можете да ја доживеете преку ноќ.