TIGNES – VAL D’ISERE 16.01.2026



ПРОГРАМА
1 ден – петок. СКОПЈЕ-TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET: Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за VAL CLARET во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2 ден – сабота. TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3 – 8 ден TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET: 6 дневно скијање во Espace Killy. Ноќевање
9 ден – сабота. TIGNES LE LAC- LAVACHET-VAL CLARET–СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
10 ден – недела: Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје –TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET – Скопје
- 7 дневно сместување:студиa/апартмани во TIGNES: LAVACHET / LAC / VAL CLARET
- 6 дневен скипас за стазите на TIGNES / VAL CLARET
- Туристички пратител за време на турата и престојот во скијалиштето.
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 800 ден. Агенцијата го обезбедува.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција.
- Задолжителна доплата за електронска ски карта: 2 €. Се плаќа во денари во агенција.
- Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите.
- Задолжителна доплата за Ски комплекс Espace Killy :TIGNES -VAL CLARET -VAL D’ISER- Grande Motte ), 300 km стази: 30€ во МКД во агенција при резервација.
За ова патување важат Општите услови за патување со Лиценца “А” бр.УГИ-69-653, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Важни завршни напомени
- Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз. .
- РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 15 Декември 2025. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
- Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.
3. Според Шенгенските правила, македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје). Од момент на влез во Шенген зоната, патникот во претходните 180 дена не треба да има престој подолг од 80 дена (со 10 дена ски програм, вкупно дозволени 90 дена во 180 дена). Организаторот не може да сноси одговорност во случај на гранични проблеми при влез во Шенген зоната.
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект, повеќе од наведеното во понудата, дадено од страна на локалната агенција.
- Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас, туристичка такса.. ) за кои агенцијата не може да влијае.
- FIRST MINUTE цена важи до 30 септември 2025.
После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување. Уплатениот пакет аранжман до тој датум останува по стара цена.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање. .
- БАГАЖ: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба максимум 23 кг.), 1 пар ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус. .
- Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
- Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до 15.12.2025. Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок, резервацијата ќе биде автоматски откажана. Патникот ќе биде теретен според отказните трошкови.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
- Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до агенцијата, со образложение за отказот. За ова патување важат отказните трошкови кои се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои агенцијата не може да влијае, и тоа:
Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:
> Од моментот на пријавување до 12 недели пред поаѓање: 10% од цената
> 12 – 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
> 8 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
> 4 недели пред поаѓање: 100% од цената
- Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 15€ – единечна постелнина или 17€ -брачна постелнина и 15€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 6€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност). Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свој сет на постелнина и крпи. Цените се информативни.
- Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 500€ по Студио за 4 лица, 600 евра по Апартман за 5 лица, 700 евра по Апартман за 6 лица, 800 евра по Апартман за 8 лица. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. За точната цена на депозитот и начин на плаќање, информации во агенција, 1 месец пред тргање.
- SKI PASS: После уплатата на депозитот за сместување, водичот ви ги дава Ски картите.
- Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
- Цена за чистење: Студио за 4 лица:71€, Студио со кабина за 4 лица: 81€, Апартмани со 2 соби за 6 лица: 98€. Цените се информативни.
- Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
- Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
- Влез во објект: од 17.00 Напуштање на објект: 08.00 – 09.30
- ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.