За патувањето
Нова Година во Темишвар и Сибиу – Кога доаѓа време за патување, сигурно сме дека поголем дел од вас имаат посетено доста градови на Балканот, Европа па и Светот и секогаш кога доаѓа време за патување или продолжен викенд, прашањето е каде патуваме сега?
Веќе 10 години сме организатори на аранжмани во Романија (Букурешт, Синаја, Пелеш Брашов итн..) НО за оваа Нова Година ви подготвивме нова програма со посета на градови што се најатрактивни за време на Christmas Market (божиќен пазар) во Романија.
Дали може да претпоставите за кои градови во Романија станува збор?
Едниот град е трет по големина град во Романија, кој во 2023-та година е прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Тоа е градот Tемишвар (Тimisoara). Архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, на Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“.
Bториот град е градот каде е одржан првиот Christmas Market во 2007-та година во Романија и воедно е најдобриот Christmas Makret во оваа земја, инспириран од божиќните пазари во Виена. Во овој град ќе бидете за време на Новата Година каде целиот град изгледа како да е поминат со магично стапче и посакува добредојде на сите оние кои сакаат да се препуштат на божиќната магија. За време на ова тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад ||| познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија. Екскурзијата ја завршуваме со посета на Белград и слободно време за шопинг или прошетка низ Кнез Михаилова или Калемегдан.
Цена на аранжманот: 169 евра / 10.478мкд по лице
ПРОМО ЦЕНА 139 ЕВРА /8.618 МКД
(ограничени резервации)
Што е вклучено:
- Aвтобуски превоз на дадената релација.
- 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар.
- Разглед на Темишвар со локален водич.
- Посета на Белград.
- Туристички придружник од агенција.
Не е вклучено:
- Aвтобуски превоз на дадената релација.
- 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар.
- Разглед на Темишвар со локален водич.
- Посета на Белград.
- Туристички придружник од агенција.
- Вечерна посета во Темишвар- 5€
- Пакет – Посета на Сибиу и замокот Корвин со вклучена влезница – 60€/ 55 евра за студенти со приложување на индекс
- Туристичка такса – задолжителна доплата во автобус- 2€
- Патничко осигурување(200мкд)
- Индивидуални трошоци
Програма
- Доплата за еднокреветна соба- 50 евра плус од моменталната сума на аранжманот.
- За деца до 3 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
- За деца со полни 3 год. до неполни 12 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
- STA