РИМ 13-15.02.2026

февруари 4, 2026
РИМ
Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот-државата Ватикан. Туристите го опишуваат како посебен и единствен град, а Италијаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет.
Ден 1
Friday
(13.02.2026 – петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 21:00 часот. Летот за Рим е во 23:00 часот со WIZZ Air…
Ден 2
Saturday
(14.02.2026 – сабота) Рим – Разглед и Ватикан
Пристигнување на аеродромот во Рим во 00:55 часот. Трансфер до хотелот во Рим, сместување. Ноќевање. Појадок во хотел. Факултативна посета на Ватикан – Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. Посета на најзначајните уметнички дела и собите на Рафаело. По паузата, панорамски разглед со локален водич (пеш и метро): Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, Виа Кондоти, Виа Дел Корсо, Пиаца дал Пополи. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 3
Sunday
(15.02.2026 – недела)РИМ – Колосеум и Антички Рим
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот (багажот го оставаме во посебна просторија во хотелот). Посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Посета на Колосеумот и дворецот на Нерон „Domus Aurea“. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродром. Полетување во 21:30 часот. Пристигнување во Скопје во 23:10 часот.

Промотивна цена по лице: 18.538,00 ден. (299 €) – за пријавени до 12.01.2026 (ограничен број на места)

Редовна цена: 389 €

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Директен лет Скопје – Рим – Скопје (Wizz Air)
  • Аеродромски такси
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • Мала кабинска торба (40 x 30 x 20 cm)
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* или 4* (централно подрачје)
  • 2 ноќевања со појадок
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер)
  • Доплата за еднокреветна соба 120 €
  • Туристичка такса – 7,5 € по лице на ден ( се плаќа во агенција )
  • Билети за јавен превоз (метро)
  • Патничко осигурување

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВИ:

  • Разглед на Рим со локален водич – 25 €
  • Посета на Ватикан и Систинската капела – 70 € (со водич и влезница)
  • Посета на Колосеум – 65 € (со водич и влезница)

Факултативите мора да се пријават и уплатат при уплата на аранжманот. Потребен минимум од 15 лица.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Атлантис.
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ.
  • Целосна уплата најдоцна 15 дена пред патување.
  • Цените се во евра за уплата во денарска противвредност (1 € = 62 денари).
  • Минимум 15 патници за реализација.
  • Пасош со важност најмалку 90 дена по завршувањето на патувањето.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената при промена на трошоци.
  • Во случај на недоволен број пријавени, агенцијата може да го откаже аранжманот 5 дена пред поаѓање.
  • Можни се промени во редоследот на програмата поради објективни причини.
  • За време на разгледите не се предвидени внатрешни посети на институции освен ако не е наведено.
  • ATS