Градот на светлината – ПАРИЗ
Авион /4 дена /3 ноќевања
Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната… Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер… Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија… А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам… Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж… Дизниленд во Париз е местото каде што вашите соништа на Дизни се остваруваат! Замоци, шоуа, огномет, паради и вашите омилени ликови се комбинираат за да ви овозможат прекрасно поминато време. Дизни ги возбудува сите – деца, тинејџери и возрасни!!!
1ден 12 март СКОПЈЕ – ПАРИЗ – Лувр – Монмартр
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.00часот. Полетување за Париз во 06.00часот и пристигнување во Париз во 09.05часот. Организиран трансфер до хотел да се остави багажот. Пешачки разглед, првите впечатоци за Париз започнуваат од Триумфалната Капија, Елисејските полиња ( Шанзелизе) каде ќе нправиме кратка пауза за кафе. Продолжуваме на плоштадот Конкорд и импресивниот Лувр. Пауза за сликање, кафе, ужина или за љубителите на уметноста препорачуваме влез во еден најпознатите музеи со светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза. Враќање во хотел со метро, сместување и слободно време за одмор. Во попладневните часови прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Слободна вечер, индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
2ден 13 март ПАРИЗ – Дизниленд – Латнски кварт
Појадок. Можност за факултативна посета (првоз со брз воз) до забавениот парк за возрасни и деца во Европа – Дизниленд, се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици… Или предлагаме прошетка до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт, паркот Луксембург, Катедралата Нотр Дам, Операта Гарние… . Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.
3ден 14 март ПАРИЗ – Версај – Ајфелова – Сена
Појадок. Факултативна посета (со јавен превоз, метро) на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала… Враќање во централниот дел на Париз, пауза за одмор, ручек. Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Веднаш по крстарењето препорачуваме посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.
4ден 15 март ПАРИЗ – Скопје
Ран појадок. Организиран трансфер до аеродромот (околу 07.00 часот). Полетување за Скопје во 09.55, пристигнување во 12.40часот.
Цена за ранa уплатa до 20.12: 549 € / 34.040 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 € / 37.140 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см
Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
Сместување во Хотел 3* во Париз на база 3 ноќевања со појадк
Организиран пешачки разглед на Париз според програмата
Орг
анизација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Туристичка такса 1.200мкд – се плаќа во агенција
Карти за јавен превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 9.400мкд
Цена на факултативи:
Версај – влезница за возрасни со аудио водич 40евра, деца и младинци до 18 години 5евра.
Лувр – влезница за возрасни со аудио водич 35евра, деца и младинци до 18 години 5евра.
Крстарење по Сена – 25 евра за возрасни, за деца до 12 години 15 евра.
Дизниленд – влезница само за забавниот парк (1 парк) , за возрасни 90евра, за деца 3 – 11 години 85евра. Задолжително резервација во агенција. Трансферот со брз воз RER е околу 10 евра во правец.
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни во хотел ИБИС и трокреветни соби во хотел НОВОТЕЛ. Двата хотели се еден до друг.
Дете до 2 години полаќаат 4.900мкд, дете 2-12години плаќаат 519евра во придружба на 2ворасни лица.
Фамилии со 2 деца мора да бидат сместени во 2 двокреветни соби.
Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
ma