ДОЧЕК НА НОВАТА 2025 ГОДИНА ВО КОТОР
ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ДЕЈАН ПЕТРОВИЌ, ЗАБРАЊЕНО ПУШЕЊЕ И ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ
(29.12.2024 – 03.01.2025)
Стариот град Котор е наубавиот дел од овој медитерански град па кога ќе зачекорите во него ќе имате впечаток дека се наоѓате во еден голем музеј… Богат со тесни премини кои потсетуваат на вистински времеплов, срцето на Котор е волшебно и поради куќите стари дури и по 300 години, по палатите, музеите и осветлените поплочени плоштади… Без разлика дали ќе седнете на некоја од камените скали и ќе уживате во музиката на уличните свирачи или во некој од познатите ресторани, секој момент поминат во Стариот град ќе биде автентично искуство заради кое ќе посакате одново да се враќате на истото место!
Прв ден: 29.12.2024 (недела)
23:00 часот заминување на групата од Скопје (пред туристичките агенции) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.
Втор ден: 30.12.2024 (понеделник)
Пристигнување во Котор во претпладневните часови. Сместување на групата во хотелот „Marija“3 *** (http://www.hotelmarija.me/ ) сместен во внатрешните ѕидини на стариот град во прекрасна барокна градба во која своевремено престојувал австрискиот цар Фрањо Јосиф. Организиран разглед на градот кој се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство најмногу заради урбаната архитектура и прекрасниот природен амбиент. Градот е стар преку 2000 години и претставува висинска ризница на Споменици на Културата: Катедралата Свети Трипун, Црквата Свети Лука, а градските плоштади и улици претставуваат отворена сцена за многубројните традиционални приредби и претстави. Слободно време за одмор и за индивидуални прошетки и уживање во новогодишниот амбиент. Во вечерните часови започнуваат музичките забави на отворено во пресрет на Новата Година. Првата вечер е резервирана за Дејан Петрович и неговиот Биг Бенд. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 31.01.2024 (вторник)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки во овој прекрасен град кој изобилува со продавници и мали ресторани во кои ќе уживате во медитеранските специјалитети. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани групата Забрањено Пушење и популарниот Сејо Сексон, рокенрол музичар и композитор. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 01.01.2025 (среда)
Појадок. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах… Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме кон Херцег Нови. Пред нас е уште една незаборавна вечер со членовите на музичката група Дубиоза Колектив. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Петти ден: 02.01.2025 (четврток)
Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во раните утринските часови во петок, на 03.Јануари.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………209 евра (12.960 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус
– Три ноќевања со појадок во хотелот „Marija“ 3*** во Котор
– Организиран разглед на градот со локален туристички водич
– Организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич
– Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
– Туристичка такса– 1 евро по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 30 патници
атлк