Датуми:
13.04 – 23.04
Цена:
2890 EUR
Хотели во кои ќе престојувате:
- Tokyo – Monday Toyosu Hotel
- Kyoto – Holiday Inn Kyoto Hotel
- Osaka– Osaka Dorsett By Agora Hotel

ПРОГРАМА:
14.04 Ден 1:
Транспорт од Аеродром Ханеда до Хотел
15.04 Ден 2:
Доживејте го Токио преку внимателно одбрана панорамска тура што ја открива уникатната хармонија меѓу традицијата и современиот живот.Ќе ги посетиме мирниот Ueno Park, енергичната Akihabara, и духовниот Meiji Shrine.Турата продолжува кон модерната Odaiba, а завршува со пријатна прошетка покрај Sumida River.Совршено балансирано искуство што го прикажува Токио во неговото најубаво светло.
16.04 Ден 3:
Пешачка тура со водич и метро
Започнете ја вашата токиска авантура во Шибуја — домот на светски познатиот Scramble Crossing, опкружен со бројни продавници, кафулиња и неонски светла кои ја доловуваат енергијата на градот.
Продолжете со прошетка по елегантната Cat Street, стилска пешачка улица што ги поврзува Шибуја и Омoтесандо, каде современата архитектура и дизајнерските бутици ја красат оваа префинета авенија.
Вечерна програма:
Со метро се упатуваме кон Шинџуку — еден од најживописните квартови во Токио. Турата продолжува со посета на Golden Gai, уникатна мрежа од мали барови кои го зачувуваат носталгичниот дух и шармот на ноќниот живот во Токио.
17.04 Ден 4:
Пешачка тура со водич и метро
Започнете го денот со истражување на Гинза — софистицираниот трговски и забавен кварт на Токио, познат по луксузните бутици, флагшип продавниците и уметничките галерии.
Турата продолжува кон Империјалната палата, каде ќе прошетате низ живописните надворешни градини и ќе им се восхитувате на импозантните камени ѕидини и ровови што ја опкружуваат резиденцијата.
Од таму, пеш се упатуваме кон областа на Токио station — уникатна комбинација на класична архитектура од црвена тула и современ урбан дизајн.
Денот завршува во Нихонбаши, традиционален бизнис-кварт на градот, препознатлив по својот стар трговски шарм и специјализирани продавници.
Попладне и вечер:
Со метро се упатуваме кон Асакуса, каде следува посета на храмот Сенсоџи и прошетка по познатата улица Накамисе со традиционални дуќани и сувенири. Турата кулминира со искачување на кулата Tokyo Skytree, од каде се отвора спектакуларен панорамски поглед на градот.
18.04 Ден 5:
Појадок и трансфер до КYOTO
Појадок во хотелот, по што следи трансфер до железничката станица и патување со брзиот воз Shinkansen кон Киото.
По пристигнувањето, следи пречек и трансфер до хотелот за краток одмор.
Подоцна, започнува прошетка со посета на храмот Кјомизудера, еден од најзначајните и највпечатливи храмови во Киото. Турата продолжува низ традиционалните улички Санензака и Нинензака, познати по својата автентична атмосфера, старинска архитектура и локални дуќани.
19.04 Ден 6:
Појадок во хотелот, по што следи целодневна тура низ Киото со посета на најпознатите знаменитости на градот.
Програмата вклучува посета на величествениот Kinkaku-ji (Златниот павилјон), симбол на јапонската естетика и хармонија.
Турата продолжува кон светилиштето Fushimi Inari Taisha, познато по илјадниците црвени тории порти кои создаваат уникатна и духовна атмосфера.
Денот завршува во живописната област Arashiyama Bamboo Grove, каде прошетката низ бамбусовата шума нуди мир, природна убавина и незаборавно искуство.
20.04 Ден 7:
KYOTO – NARA – OSAKA
Појадок во хотелот и одјавување, по што следи целодневна тура кон Нара — град познат по своето културно и духовно наследство.
Програмата вклучува посета на Паркот Нара, каде слободно се движат прочуените елени, симбол на градот. Потоа следи посета на храмот Тодаи-џи, дом на монументалната бронзена статуа на Големиот Буда, како и на светилиштето Касуга Таиша, препознатливо по стотиците камени и бронзени фенери.
По завршување на турата, следи трансфер до хотелот во Осака, пријавување и слободно време за индивидуални активности и уживање во градот.
21.04 Ден 8:
Осака – култура, панорами и шопинг
Појадок во хотелот, по што следи разглед на градот со посета на Osaka Castle, еден од најзначајните историски симболи на Осака.
Турата продолжува кон Umeda Sky Building, каде панорамската платформа нуди спектакуларен поглед врз градот.
Денот завршува во живописните квартови Dotonbori и Shinsaibashi, познати по неонските светла, динамичната атмосфера и одличните можности за шопинг.
22.04 Ден 9:
Поаѓање – Појадок во хотелот, по што следи организиран трансфер до аеродромот за заминување и крај на патувањето.

AMB