Италија – Неапол, Соренто и Амалфиска Ривиера
-
Локација
НЕАПОЛ (Наполи) – Основан пред повеќе од 2.500 години, Неапол е еден од најстарите континуирано населени градови во светот. Прошетајте низ неговиот историски центар – светско наследство на УНЕСКО – каде што тесните улички од калдрма водат до скриени цркви, подземни катакомби и палати стари со векови.
КАПРИ – Издигнувајќи се од длабоките сини води на Тиренското Море, Капри е остров од соништата кој со векови ги воодушевува посетителите. Познат по своите драматични карпи, тиркизни пештери и елегантен шарм, Капри претставува совршена мешавина од природна убавина, луксуз и италијанската животна убавина.
-
Програма
1 ден
Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 16:30 часот, пристигнување во Неапол во 18:10 часот. Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli – катедралата, Royal Palace of Naples, Piazza del Plebiscito – централниот плоштад, Teatro di San Carlo – прочуен театар, Castel Nuovo – средновековна тврдина, и други знаменитости. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Панорамска прошетка по островот со посета на главните знаменитости: Villa Jovis – римска вила на императорот Тибериј, Chiesa di Santa Maria – црква со историско значење, светилникот Faro di Capri, Villa San Michele – позната вила со музеј и градини, и Chiesa di San Michele Arcangelo. Враќање со ферибот до Соренто. Сместување и ноќевање во хотел.
3 ден
Појадок. Пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио.
Опционално:
- Поаѓање со брод до Позитано. Пешачка прошетка низ Позитано со посета на црквата Chiesa di Santa Maria Assunta – позната црква со мозаик, и пристаништето.
- Поаѓање со брод до Амалфи. Пешачка тура низ Амалфи со посета на Катедралата, Museo della Carta – музејот на хартијата, Chiostro del Paradiso – историскиот клостер, и други знаменитости.
- Продолжување со брод до Салерно. Пристигнување и панорамска прошетка низ градот со посета на: Castello Arechi – средовековен замок, Cattedrale di Salerno – катедрала, Giardini della Minerva – ботаничките градини и шеталиштето
Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободно време за плажа. Попладне трансфер до аеродромот до Неапол. Поаѓање во 18:45 часот, пристигнување во Скопје во 20:15 часот.
Цена 417 Еур по лице
-
-
Вклучено
- Aвионска карта на релација Скопје – Неапол – Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
- 3 ноќевања со појадок според програмата. 1 ноќевање во Салерно, 1 ноќевање во Соренто и 1 ноќевање во Неапол
- Фери брод Соренто – Капри.
- Расположливост за еднокреветна соба е на барање.
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и пратител
- Претставник на македонски јазик
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
-
Не е вклучено
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Факултативни излети
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
-
Напомена
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнува.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.
*
Забелешка: Поради забраната за автобуски превоз по брегот на Амалфи, патувањата и екскурзиите во Позитано и Амалфи ќе се реализираат исклучиво со брод, по следната маршрута: Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно.
Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра.
За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот), со предвидено слободно време во Салерно.
-
Општи услови и информации
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.
f