Истанбул 30.12.2024 – 02.01.2025

октомври 29, 2024
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања

30.Декември (понеделник) СКОПЈЕ  ИСТАНБУЛ 
Состанок на групата на Скопски аеродром во 06:35 часот. Поаѓање за Истанбул во 08:35 часот. Пристигнување во Истанбул во 12:15 часот. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали
чаршијата… завршеток со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), индивидуална посета со придружникот на групата на базиликата „Цистерна “(позната и како „Потоната палата“ најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул).Сместување во хотел. Во вечерните часови можност за посета на Таксим и прошетка по познатата улица Истикал исполнета со безброј кафулиња, низ која поминува познатиот црвен трамвај. Ноќевање.

31.Декември (вторник) ИСТАНБУЛ – 
БОСФОР  ДОЛМА БАХЧЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или факултативно крстарење со брод под мостовите на Босфор, кои ги поврзуваат континентите Европа и Азија, панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Можност за факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај (првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922 г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк). Денес е национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатствo. Слободно време за индивидуални акривности. Вечерта ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул. Ноќевање.
01.Јануари (среда) ИСТАНБУЛ – ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИА – БАЛАТ 

Појадок. Можност за индивидуална прошетка до „Цариградската Патријаршија“ позната уште како „Вселенска патријаршија“ една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул. Управувана од Вселенскиот Патријарх, кој има статус на “прв меѓу еднаквите” помеѓу православните епископи во светот. Попатна посета на најколоритниот дел на Истанбул, Балат – кварт заштитен како светско наследство од страна на УНЕСКО. Оваа населба е позната по колоритни куќарки и кафулиња кои шират позитивна енергија. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

02.Јануари (четврток) ИСТАНБУЛ  ТОП КАПИ

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативна посета на палатата Топ Капи – најголемата палата во Стариот град на Истанбул која служела како главен центар на Отоманската империја од 1465 до 1856 година (изградена во времето на Султан Мехмед II). Индивидуална посета со придружникот на групата на базиликата „Цистерна “(позната и како „Потоната палата “- најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул). Слободно време за индивидуални активности. Навечер, факултативна вечера на брод на Босфор со богато мени од турската кујна и атрактивна програма со музика и танци. Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 20:15 часот, пристигнување во Скопје во 19:45 часот.

Цена на аранжманот: 429€ (26.600,00 мкд)

 

Во цената на аранжманот е вкучено:

– Повратна авио карта Скопје-Истанбул-Скопје (Turkish Airlines)
– Аеродромски такси
– Повратен трансфер од аердромот –хотел-аеродром во Истанбул
– Сместување во Истанбул, во  Laleli Gonen 3*, на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Истанбул
– Организиран разглед со јавен превоз на Цариградската Патријаршија и Цистерната (без влезница за во Цистерната)
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Факултативна посета на Топ Капи (влезницa, јавен превоз и локален водич – 65€)
– Факултативна посета на Долма Бахче Сарај (влезницa, превоз и локален водич – 55€)
– Факултативно крстарење на Босфор
– Факултативно крстарење и вечера на Босфор
– Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици надвор од факултативните излети.
– Патничко здравствено осигурување

Напомени:

– Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна 2 недели пред поаѓање.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 6 месеци.

– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.

– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.

– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.
са