Фиренца со Болоња 06.12-  09.12.2024

октомври 19, 2024

Фиренца со Болоња

06/12/2024 –  09/12/2024

Фиренца е главен град на прекрасниот италијански регион – Тоскана, централна Италија. Се наоѓа на околу 230 километри од Рим, и е опкружен со прекрасни заоблени ридови, фарми, лозја, овоштарници но и прекрасни архитектонски градби… Фиренца е неизмерно популарна дестинација за одмор поради нејзината убавина, уникатна архитектура како и за познатата италјанска храна. Историскиот аспект на Фиренца привлекува многу патници секоја година за да го истражат нејзиното интересно минато. Академиците веруваат дека Фиренца била родното место на европската ренесанса. Центарот на градот во Фиренца е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, бидејќи е дом на изобилство на историски и монументални градби стари стотици години.

1 ден – Скопје – Болоња -Фиренца

Состанок на групата 2 часа пред полетување , на аеродром Александар Велики во Скопје. Лет за Болоња во 13:05 ч. , слетување во Болоња во 15:00 ч. Организиран трансфер до хотел во Фиренца. Сместување во хотел.По краток одмор следува првата прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот ,со огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Фиренца која се смета за колевка на ренесансата, во која живееле и твореле многу уметници од XV и XVI век. како Леонардо, Микеланџело Брунолески, Ботичели, Рафаел… Ноќевање.

2 ден – Фиренца

Појадок. По појадокот следува пешачки разглед на прекрасната Фиренца (факултативно , со доплата).Градот својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата Медичи кои владееле од XIV- XVII век, познати како големи мецени на уметноста и културата. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот Понте Векио, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити. Следува пауза за ручек , да пробате некој традиционален фирентински специјалитет, надополнет со одлично вино и секако за крај најпознатиот десерт cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми. Во попладневните часови следува факултативен излет до Пиза. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри, која е всушност камбанаријата на катедралата. Кулата секако била планирана да стои исправено но поради слабата почва како и лошите темели се накривила. Но баш таа ненамерна гречка е причината што кулата има светска прочуеност и привлекува стотици илјади туристи годишно.Во договорено време враќање назад во Фиренца. Ноќевање.

3 ден – Фиренца – Сан Џимињано – Сиена

Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен излет во живописните градови Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена – град со средновековен изглед, опколен со ѕидини од 16 век Ќе прошетаме по еден од најубавите европски средновековни плоштади Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација…Во договорено време се упатуваме кон Сан Џимињано. Овој мал типичен град е познат по виновите насади и големи површини покриени со маслинови градини. Заклучокот е јасен дека градот е најпознат по убавите вина и маслинови масла. Кратка прошетка во градот каде ќе може да пробате или купите некое вино, маслиново масло или едноставно да одморите со кафе и вкусно џелато(сладолед).Во договорено време се враќаме назад во хотел. Ноќевање.

4 ден – Фиренца – Болоња – Скопје

Појадок. По појадокот се упатуваме кон Болоња,град најпознат по карактеристичните специјалитети од италјанската кујна но и по најстариот универзитет во Европа. Ќе прошетаме низ стариот дел од градот, препознатлив по бројните средновековни кули и плочници во форма на аркади по должината на поголемите улици, а со посебна убавина плени најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун… Во договорено време сe упатуваме кон аеродромот во Болоња.Полетување за Скопје во 13:30 ч. Слетување во 17:15 ч.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ :  477 €
за првите 10 места

Во ценета е вклучено :

–          Авио билет Скопје – Болоња – Скопје

–          Аеродромски такси

–          Рачен багаж

–          Трансфер аеродром – хотел – аеродром

–          3 ноќевања со појадок во Hotel Arcadia 3*, во центарот на Фиренца

–          Посета на Болоња

–          Претставник од агенција

 

Во цената НЕ е вклучено:

–          Разглед на Фиренца со локален водич – 20 € (задолжителна факултатива)

–          Факултативна посета на Сиена и Сан Џимињано  – 80 €

–          Факултативна посета на Пиза  – 45 €

–          Туристичка такса – 6€ по лице од ноќ (се плаќа во хотел)

–          Здравствено осигурување

–          Чекиран багаж

–          Влезници за локалитети и карти за јавен превоз

–          Индивидуални трошоци

Напомена : Пријавување на факултативи во агенција.За реализација на истите потребно минимум 16 пријавени патници !!

atlstr