Будва 30.12-02.01.2025

октомври 25, 2024
  • 99 евра ( 6.100 денари за приватно сместување )
    129 евра ( 7.950 денари за хотелско сместување ) 
    1 ден: 30.12.2024 год.

    Будва Нова година 2025: Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ „Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

    Поаѓања вклучени во цената од Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 20.00 часот; Гевгелија 19.00ч; Струмица 20.00 часот; Радовиш 20.30 часот; Штип 21.30 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 22.00ч.

    Будва е приморски град во Црна Гора. Центар е на општината Будва и има 13,338 жители. Брегот околу Будва (наречен Будванска ривиера) е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземната архитектура. Секоја година во Будва се организираат спектакуларни концерти за дочекот на новата година.

    2 ден: 31.12.2024 год

    Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување.

    Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера.

    Вечерта дочек на Новата 2025 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Ноќевање.

    3 ден: 1.1.2025 год.

    Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект.

    Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…

    Попладне враќање во Будва. Слободно време.

    Вечерта реприза на новогодишната ноќ со организирани концерти пред Стариот град во Будва. Ноќевање.

    Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват.

    Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино.

    Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град, но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти.

    Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

    Во цената се пресметани следните услуги:

    Во цената не се пресметани следните услуги:

    Напомена за Будва Нова година 2025: