Барселона 12.03-15.03.2026

ноември 24, 2025
БАРСЕЛОНА 12.03-15.03.2026 Сигурна реализација 
✈ авионски превоз

Б А Р С Е Л О Н А

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

12.03 (Четврток)             СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на еародромот во Скопје во 15.00 часот. Полетување за Барселона во 17.20 и пристигнување во 20.10 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

13.03 (Петок)                      БАРСЕЛОНА – Парк Гуел

Појадок. Посета до паркот ‘Гуел’ – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани.. Пауза за ручек. Индивидуални активности, препорачуваме посета на некој од одбележјата на Барселона, како на пример Аквариумот, еден од најголемите и најубавите во Европа, стадионот Камп Ноу, жичницата Монжуик која ви нуди уникатен панорамски поглед, патувањето трае приближно 10 минути и посетителите ќе можат да ја видат Барселона и нејзиното пристаниште во сиот негов раскош. Ноќевање.               

14.03 (Сабота)                 БАРСЕЛОНА  – Фигерас и Герона

Појадок. Препорачуваме факултативна организирана посета со превоз и локален водич на Фигерас, каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Музејот е сместен во неговата фамилијарна палата, а изложбата која е компилација на уметнички дела од различни периоди, ја поставил самиот маестро. Попатно на враќање, посета на убавото, живописно место Герона, кое се наоѓа на североисток на Шпанија, непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, Kатедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичните куќички на брегот на реката Onyar… Во вечерните часови, препорачуваме фламенко, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци.  Ноќевање.

15.03 (Недела)        Саграда Фамилија – Шпанско село – СКОПЈЕ

Појадок. Препорачуваме посета на готската Катедрала Саграда Фамилија, единствен храм, по своето потекло, основа и цел. Плод на работата на генијалниот архитект Антони Гауди, проект промовиран од народот за народот. Пет генерации го гледаа напредокот на Храмот во Барселона. Денес, повеќе од 140 години по поставувањето на камен-темелникот, продолжува изградбата на базиликата. Препорачуваме посета на Шпанското село кое ја обединува иприкажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 20.55 часот и пристигнување во 23.40 часот.

 

Цена за рана уплата до  20.12         559 евра   (34.660 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ           599 евра   (37.140 денари)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Барселона-Скопје
Рачен багаж (1 торба / ранец со димензии 40х30х20см)
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона
Сместување во Arya Stadium Hotel 3 by Madanis 3*  на база 3 ноќевања со појадок  (https://www.madanishotels.com/arya-stadium-hotel/)
Организиран панорамски разглед на Барселона и вклучена влезница за паркот Гуел со локален водич
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Туристичка такса 1250 мкд (се плаќа на лице место)
Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг,
*цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање
Карти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 10.100 мкд

Факултативни излети:

Посета на Фигерас и Гирона – 95 евра  (задолжително пријавување во агенција) – Вклучено е организиран превоз, резервација, локален водич и влезница за музјот на Дали
Посета на Шпанско село – 25 евра
Посета на Саграда Фамилија 35евра – (индивидуални влезници)

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби. Дето до 2 години плаќа 4900 денари.
Едно дете до 12 години плаќа 519 евра во придружба на две возрасни лица се сместува на дополнително легло.

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 18 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

ма