Групно крстарење со MSC Splendida -Шпанија и Италија 05.02 – 11.02 2026

јануари 6, 2026

Крстарење низ Шпанија и Италија: Барселона – Неапол

Марсеј, Барселона, Неапол, Алберобело, Соренто
Термин: 05.02 – 11.02 2026
  • Локација

    БАРСЕЛОНА – Главен град на Каталонија, на брегот на Средоземното Море, каде се спојува модерното со традиционалното, со богата архитектура, културен живот, плажи и забавни можности.

    МАРСЕЈ – најстарото пристаниште на Француската ривиера е совршено место за прошетки, култура и средоземноморски пејзажи.

    ЛИОН – историски град на реките Рона и Сона, кој нуди ренесансна архитектура, музеи и живописни плоштади, идеален за прошетки и запознавање со културата на Прованса.

    ЏЕНОВА – приморски град на северозападна Италија со богата историја и тесни, живописни улици. Морската атмосфера и пристаништето ја прават градската средина посебно привлекувачка.

    НЕАПОЛ (Наполи) – Основан пред повеќе од 2.500 години, Неапол е еден од најстарите континуирано населени градови во светот. Прошетајте низ неговиот историски центар – светско наследство на УНЕСКО – каде што тесните улички од калдрма водат до скриени цркви, подземни катакомби и палати стари со векови.

     

  • Програма

    1 ден

    Лет од Скопје до Барселона. Поаѓање од Скопје во 17:20 часот. Пристигнување во Барселона во 20:10 часот. Трансфер до хотел. Сместување и ноќевање во хотелот.

    2 ден

    Појадок. Прошетка по булеварот Пасео де Грасија, познат по луксузните брендови и уникатната архитектура, каде се наоѓаат Каса Мила, Хотел Маџестик, Каса Батљо, Каса Аматлер и Каса Љео Морера, како и централниот градски плоштад Пласа де Каталуња. Продолжуваме кон Готскиот кварт и ја посетуваме Палатата на каталонската музика, ремек-дело на архитектот Луис Доменек и Монтанер. Завршуваме на Пласа де ла Сеу, каде се наоѓа Катедралата на Света Еулалија. Ноќевање.

    3 ден

    Појадок. Утринска посета на Парк Гуел, дизајниран од Антонио Гауди, Саграда Фамилија, извонредната катедрала и симбол на Барселона, Аквариумот во Барселона, како и Паркот де ла Цитадела, каде се наоѓаат Замокот на трите змејови, Монументалната каскада и Триумфалната капија, како и Кулата Агбар (Torre Glòries). Попладне посета на Пласа де Еспања и ридот Монжуик, каде се наоѓаат Олимпискиот стадион, олимписките објекти и Националниот музеј на каталонската уметност (MNAC). Прошетката продолжува до пристаништето за крстарења, каде се наоѓа Мирадор де Колом, статуата на Кристофор Колумбо, познатата улица Ла Рамбла, каде се наоѓа архитектонското дело на Гауди Палау Гуел, како и Пласа Рејал. Качување на крузерот MSC Splendida (инаугуриран во 2009 година). Поаѓање во 18:00 часот.

    4 ден

    Пристигнување во Марсеј во 09.00 часот. Факултативно разгледување на Марсеј. Ручек на крстарењето. Поаѓање во 18.00 часот. Вечера и ноќевање на крузерот.

    5 ден

    Појадок на крузерот. Пристигнување во Џенова, Италија, во 09.00 часот. Факултативна тура низ Џенова. Ручек на бродот. Поаѓање во 17.00 часот. Вечера и ноќевање на крузерот.

    6 ден

    Појадок на крузерот. Пристигнување во Неапол во 13:00 часот. Панорамска тура на главните споменици на градот со посета на Дуомо (Катедралата Сан Џенаро), Кралската палата (Palazzo Reale), Пјаца дел Плебишито, Театарот Сан Карло и Кастел Нуово (Maschio Angioino). Трансфер до Соренто. Пешачка тура низ градот со посета на Пристаништето, Катедралата на Соренто, Манастирот на Свети Франциск и Базиликата Сан Антонио. Сместување и ноќевање во хотел.

    7 ден

    Појадок во хотел. Поаѓање за Алберобело. Посета на традиционалните конусни куќи од труло. Доцна попладне, трансфер до аеродромот. Лет Бари – Скопје. Поаѓање од Бари во 18.30 часот. Пристигнување во Скопјe во 19.40 часот.

Цена по лице: 759€

Вклучено

    • Авио билет на релација Скопје – Барселона и Бари – Скопје со Визз Аир.
    • Аеродромски и пристанишни такси.
    • Бесплатен багаж 40x30x20 cm
    • 2 ноќевања во хотел во Барселона, 1 ноќевање во хотел во Соренто.
    • 3 ноќевања на бродот MSC Splendida.
    • Појадок, ручек и вечера на бродот.
    • Шоу, караоке, влез во дискотека, сауна и разни активности на бродот.
    • Автобуски тури и придружба во Барселона, Неапол, Соренто
    • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно.
    • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој.
    • Туристичка такса

      Не е вклучено

      • Сè што не е наведено во програмата
      • Влезница за во објектите и културно-историски споменици
      • Екскурзии наведени во програмата како “Факултативно„ како и тури во организација на Крузерот.
      • Бакшишот за крстарењето е 10 евра за возрасни и 5 евра за деца по ноќ. Се фактурира и се плаќа на рецепција. Доколку имате основана причина, можете да поднесете приговор за тоа за време на патувањето (не на крајот).
      • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот.

       

  • Напомена

    1. Времињата на поаѓање и пристигнување може да бидат променети од страна на авиокомпанијата, но во секој случај програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
    2. Во програмата имаме  направено проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од некоја друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.

    Оваа програма е економична. Хотелите може да не бидат во централното подрачје на градовите. Информирајте се однапред за имињата на хотелите за време на турата. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

     

Општи услови и информации

Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.

f