Истанбул
Истанбул– Сместен помеѓу Европа и Азија, Истанбул е град каде минатото и сегашноста беспрекорно се испреплетуваат. Со својата богата историја, жива култура и импресивна архитектура, Истанбул нуди незаборавно искуство за секој патник.
Некогаш главен град на три големи империи – Римската, Византиската и Отоманската – Истанбул денес е жив музеј. Восхитувајте се на исконските знаменитости како Света Софија, величествената Сина џамија и раскошниот Топкапи дворец. Прошетајте низ античките сали и замислете ги империите што некогаш владееле со светот од овој волшебен град.
-
Програма
1 ден
Поаѓање од аеродромот во Скопскиот регион.
Клиентот мора да биде на аеродромот 2 часа пред полетувањето на авионот. Лет за Истанбул во 10:50. Пристигнување во Истанбул во 14:15.
Трансфери и сместување во хотел.
Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран разглед на Истанбул со посета на Капали Чарши (влез бесплатен, престој околу 2 часа).
Потоа, заминување со автобус до Долма Бахче Палата, престој 1 час (влезница се плаќа).
Продолжување кон центарот на Истанбул и плоштадот Таксим, познат по своите ресторани, продавници и хотели.
Враќање во хотел. Вечерта, ноќно крстарење по Босфор, со вечера, неограничени пијалоци и традиционални и модерни турски претстави (влез 45 € – престој 3 часа). Враќање и сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Поаѓање кон Еминој – бродската станица за крстарење по Босфор. Двочасовно крстарење со брод кон Црното Море, со поглед на крајбрежјето на Истанбул, Европа и Азија, и старата тврдина Румелитис од бродот (влез 15 € – престој 2 часа). Потоа, посета на Аквариумот (влез 30 € – престој 2 часа).
Продолжување кон Топкапи Палата, Зимскиот дворец на султанот (престој 2 часа). Посета на Сината џамија – Џамијата Султан Ахмет (влез слободен, престој 30 минути).
Продолжување кон Света Софија (влез со билет) и обиколка на Хиподромот, некогашен спортски и општествен центар на Византиската империја, денес плоштад Султанахмет. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободно утро.
Посета на трговски центар со слободно време за шопинг.
Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 16:15. Слетување во Скопје во 15:45.
13.02.2026 €495
-
Вклучено
- Авионска карта на релација Скопје – Истанбул со Пегасус
- Аеродромски такси
- Рачен бесплатен багаж 3kg
- 3 ноќевања со појадок во хотел Comfort Life Istanbul или сличен
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани транспорт според програмата
- Организација на патувањето и претставник на Агенцијата за целиот престој
-
Не е вклучено
- Сѐ што не е наведено во програмата
- Влезница за во објектите и културно-историски споменици
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
- Патничко осигурување
Такса за престој во Истанбул 2 евра по лице по ноќевање
-
Факултативни Излети
- Крстарење со брод по Босфор 1,5 – 2 часа за разгледување на Европа и Азија 15 евра.
- Крстарење со претстава и вечера 45 евра, вклучува: превоз од хотелот во двата правци, претстава со танчери и диџеј, специјална вечера, неограничени безалкохолни пијалоци. Трае 3 часа.
- Посета на аквариумот 30 евра
-
Напомена
Цената на аранжманот е променлива – во зависност од расположливост на места
FB
-

